Македонија

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние, кои сакаат да го видат мојот политички крај!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека поранешниот вицепремиер Артан Груби е обезбеден од страна на органите на редот и целата понатамошна постапка е одлука на судската власт.

– Бегалецот е обезбеден од страна на органите на редот. Сè понатаму е одлука на друга власт – тоа е судската. Тоа нема никаква врска со Владата. Но, потсвеста е чудна и сега секој од нив се преиспитува што знае ова лице. И тоа ги „буши“. Да не се прошири делото од „Лотарија“, па да преминеме во Здравство или можеби нешто поврзано со вториот дел од вашето прашање – со канабисот. Сега седат и се вознемирени. И размислуваат, и совеста работи. Се грижат како може сето ова да заврши затоа што повеќе го нема Љупчо Коцевски, повеќе ги нема луѓето што беа нивен последен штит. Сега ќе дојде нов независен обвинител или обвинителка, ќе видиме како ќе биде, и тука очекуваме да биде правдата заштитена. А на оние што сега совеста им работи, немирни се, тешко спијат, нервозни се – тоа се гледа на прес-конференциите. Немирот си го прави своето. Сега велат доаѓа крајот. И кога доаѓа крајот, тие се обидуваат како мачка да скокнат на очи. Но заборавиле дека ние сме лавови и ваквите како нив ќе одговараат. И таа потсвест ќе продолжи да им прави немир и во периодот што следува – рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Љупчо Пренџов за приведувањето и одредениот домашен притвор на Груби.

Потенцира дека „допрва почнува агонијата за поединци“.

– Тоа треба сите да го знаат. Апсолутно ги разбирам граѓаните, кои се револтирани. Апсолутно ги поддржувам нивниот револт, емоција. Јас не можам да бидам, и не смеам, и не треба да бидам емотивен – немам такво право. Но, процесот сам по себе ќе даде одговор. Еве март дојде, нема мигранти. Ширеа хистерија дека ќе банкротираме – издадовме обврзница со најниска камата во регионот, дури пониска и од некои членки на ЕУ. И да не редам сè што се правеше, а тие создаваа и се обидуваа да создаваат хистерија. Не им успеа. Така и ова. Времето работи на нивна штета. Има една позната грчка изрека: големите работи се случуваат во тишина. И тоа ги мачи – рече Мицкоски.

На обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека има договор да се врати Артан Груби, Мицкоски нагласи дека нема никаква логика да се договорил со оние кои сакаат да го видат неговиот политички крај.

– Изминатите денови јавноста со право е вознемирана и апсолутно ги разбирам сите коментари, кои ги читам на социјалните мрежи. И тука не треба да има дилема дека постои револт кај наши сограѓани од сите етнички заедници. Во минатото ова лице, заедно со неговите коалициски партнери се однесуваше недостоинствено кон граѓаните, кон сите етнички заедници. Немам против во својата потсвест некој да ја обвини Владата дека има некаков договор, но да дојдеме до логиката. Јас како човек бев најнапаѓаниот од истото ова лице, Артан Груби. Се сеќавате на онаа фамозна реплика во еуфорија и една т.н. хистерија предизвикана од страна на истото лице, позната како „папа Мицко“. Се сеќавате кога на ден Прочка се креваа дронови над семејната куќа на мојата сестра и тој имот се претставуваше како мој скриен имот. Се сеќавате колку пати во јавни изјави и настапи од страна на Артан Груби и сите тие кои во тоа време беа дел од Владата предводена од СДСМ, ме напаѓаа мене лично, и со ниски страсти и со лаги, со клевети. И сега по некоја чудна логика јас излегувам како претседател на Владата и се договорам со овие кои сакаат да го видат мојот политички крај, а дел од нив и човечки. Мислам дека тука нема никаква логика – рече премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top