Македонија

Муцунски: Преговорите со ЕУ не се блокирани – тие никогаш не ни започнаа поради СДСМ и ДУИ

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, одговори на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со процесот на евроинтеграции, истакнувајќи дека преговорите со Европската Унија не можат да бидат блокирани, бидејќи, според него, тие „никогаш и не започнале, благодарение на СДСМ и ДУИ“.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, одговори на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со процесот на евроинтеграции, истакнувајќи дека преговорите со Европската Унија не можат да бидат блокирани, бидејќи, според него, тие „никогаш и не започнале, благодарение на СДСМ и ДУИ“.

„Од нас нема да слушнете големи зборови без покритие и празни чекори. Нашата задача не е да нудиме изговори, туку резултати. Затоа ја движиме државата напред – таму каде што ѝ припаѓа: во Европа. Тоа не е слоган, туку реалност што ја градиме преку конкретни проекти: бесплатен роаминг за нашите граѓани во ЕУ, зелени ленти за превозниците, пристап до европскиот единствен систем за плаќање, партнерство во безбедноста и одбраната со ЕУ. Тоа се вистински реформи, а не празни флоскули,“ истакна Муцунски.

Министерот потенцираше дека неговите напори се насочени кон обезбедување поевтин роаминг, но и кон зачувување на националниот идентитет, достоинство и гордост. „Не зборувам за виткање кичма, за администратори, за договори под маса, за прифаќање уцени или ултиматуми, како што тие го правеа тоа. Тука има разлика – и граѓаните ја гледаат таа разлика,“ додаде тој.

Муцунски упати повик до опозицијата да постапува рационално и да не го попречува европскиот пат на државата. „Ова не е борба за лични или партиски интереси. Ова е борба за граѓаните, за државата, за иднината. Ќе напредуваме само ако сите заедно ги ставиме државните пред партиските интереси,“ заклучи министерот.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top