– Стратегискиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на двостраната соработка и унапредување на партнерството со САД, со насоченост на клучни области од заемен интерес, вклучително одбраната и безбедноста, сајбер-безбедноста и технолошката соработка, економијата, трговијата и енергетиката, како и заедничката борба против транснационалните закани и зајакнувањето на граничната безбедност, стои во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна тѕрговија на Република Македонија.
Оттаму наведуваат дека со одржувањето на втората средба за стратегискиот дијалог се потврдува континуитетот на сојузништвото меѓу двете земји и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко.
Во емисија „Еуро Фокус“ на Телма телевизија Муцунски претходно истакна дека Република Македонија ќе биде прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има средба за стратегиски дијалог во Вашингтон. Тој изрази очекување дека стратегискиот дијалог ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка, како и оти ќе донесе конкретна корист за граѓаните.