Македонија

На Македонија ѝ треба нов владин авион

Леталото не се користи само за потребите на државниот врв, туку и во итни ситуации, како транспорт на пациенти на лекување во странство, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.

Идејата за набавка на нов владин авион не е повлечена ниту пропадната, изјави Томовски  во гостување во „Вести плус“ на Канал 5.

Според него, доколку Македонија сака да биде сериозна држава, потребно е да располага со соодветен владин авион. Тој посочи дека леталото не се користи само за потребите на државниот врв, туку и во итни ситуации, како транспорт на пациенти на лекување во странство.

Томовски информира дека за само две години околу два милиона евра биле потрошени за сервисирање на сегашниот владин авион, кој е од 2004 година. Како дополнителен проблем го посочи недостигот од оригинални резервни делови, поради што понекогаш со недели се чекаат репарирани делови.

„Проблемот е што е прилично мал, има само шест седишта и не може да се патува со поголема делегација. Новиот авион што треба да се набави нема да ги има овие проблеми“, рече Томовски.

Тој нагласи дека владиниот авион се користи исклучиво за службени потреби. Трошоците за патувањата на претседателот на Владата, претседателот на државата и претседателот на Собранието ги покрива СОЗР, додека другите институции и министерства плаќаат за користењето.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top