Македонија

Најчевска: Ајде сите на испит за познавање на македонскиот јазик

Познавањето на јазикот на кој зборуваат мнозинството граѓани мора да се знае на високо ниво како јазик на комуникација

Професорката Мирјана Најчевска реагира на „дебатaта“ која се разви околу барањето на студентите Албанци да го полагаат правосудниот испит на албански јазин, но и околу тоа кој јазик треба да се користи како официјален не само во текот на судските процеси, туку и во институциите во земјава.

„Ајде да се договориме:
1. Етничките Албанци во Македонија да ги полагаат стручните испити на албански јазик.
2. Секој кој ќе се вработи во било која буџетски финансирана установа (на локално или централно ниво, во јавни претпријатија, шалтерски службеници, услужни дејности, …), како и избраните функционери, да полага испит зо познавање на македонскиот јазик на ниво Ц1.
Ова да важи за сите етнички заедници вклучително и етничките Македонци“, објави Најчевска на Фејсбук.

 

Во уште една објава професорката дообјаснува:

„Не е недискриминација кога на работа во државна служба се прима по етнички клуч.
Тоа е дискриминација на сите со два грама мозок.
Недискриминација е кога при прием во државна служба од кандидатите кои покажѓуваат исто знаење ќе се избере оној кој припаѓа на помалку застапениот етникум.
И се разбира, познавањето на јазикот на кој зборуваат мнозинството граѓани мора да се знае на високо ниво како јазик на комуникација“.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top