Македонија

Недостиг на возила и доцнење на платите: Алармантна состојба во скопската комунална служба

Синдикатот на работниците во комуналните дејности (СУТКОЗ) и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) издадоа предупредување за алармантната состојба во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, каде што платите на вработените доцнат со месеци, а недостигот од возила за собирање отпад и резервни делови го отежнува редовното работење.

Синдикатот на работниците во комуналните дејности (СУТКОЗ) и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) издадоа предупредување за алармантната состојба во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, каде што платите на вработените доцнат со месеци, а недостигот од возила за собирање отпад и резервни делови го отежнува редовното работење.

Според соопштението на синдикатите, иако граѓаните редовно ги плаќаат сметките за комунални услуги, а средствата пристигнуваат на сметката на претпријатието, платите на вработените се исплаќаат со значително задоцнување.

-И покрај тоа што се доцни со исплатата на платата за септември, вработените редовно ги извршуваат своите задачи со ограничени ресурси- изјавија од СУТКОЗ.

На состанокот на Извршниот одбор на синдикалната организација при ЈП „Комунална хигиена“, одржан на 21 октомври 2025 година, биле поканети раководството и Управниот одбор на претпријатието, но директорот не се појавил. Синдикатите нагласуваат дека одговорноста за проблемите не лежи кај вработените, туку кај раководството, кое не успева да обезбеди доволно средства за нормално функционирање на претпријатието.

-Ќе ги преземеме сите мерки против раководството, согласно законите и колективните договори – од кривични пријави до иницијативи пред Инспекторатот за труд- соопштија од СУТКОЗ и ССМ, потенцирајќи дека ќе внимаваат овие активности да не го загрозат здравјето на вработените или граѓаните на Скопје.

Синдикатите апелираат за итно решавање на состојбата, со цел да се обезбедат редовни исплати и потребните ресурси за непречено собирање на отпадот во главниот град.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top