Македонија

Нема дополнителни давачки за нарачки од странство

Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот.

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата ТЕМУ.

Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и досега.

Тоа значи дека граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при прием на пратката, ниту ќе има нова обврска за уплата.

ДДВ кој е веќе пресметан во цената кон државата го уплаќа овластениот шпедитер или поштенскиот оператор со кој платформата има договор.

Министерството за финансии уште еднаш потенцира дека со законските измени несе менува начинот на прием и царинење на пратките.

ТВ21

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

Осум дена притвор за насилникот и лихварот од Черкези, кој му се закануваше на Мицкоски „свињо,ќе те колам на плоштад“ и му упатуваше пцости на семејството!

Осум дена притвор му е определен на 39 годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени кон премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи. СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Најнови вести

To top