Македонија

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

„Оваа Влада води политика за иднината. Во изминатата седмица бевме сведоци на реализација на крупни капитални проекти: нова когенеративна централа, изградба на најголемиот ветерен парк и реконструиран аеродромот „Св. апостол Павле“. И тоа не се само градби, тоа се инвестиции во иднината, во нови работни места, во енергетска сигурност, во поврзаност и во конкурентна економија“, пишува Николоски.

Посочува дека градежништвото вeќе 18-ти месец по ред расте и дека тоа е јасен доказ оти капиталните проекти ја движат државата напред.

„Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации“, вели вицепремиерот Николоски во објавата.

Најнови вести од: Македонија

Водечки норвешки мислител се повикува на Сиљановска-Давкова за важно прашање за светот

Објавата која е инспирирана од јавни настапи на македонската претседателка сугерира дека фокусот треба да се префрли од реторика и институционални прогласи кон градење реална средина во која правилата се доследни

To top