Македонија

Нова меѓународна афирмација на поетската реч на македонски јазик: наградата „Поезија и луѓе“ за Никола Маџиров во Кина

„Никола Маџиров зрачи со светлечки хуманизам на една нова генерација поети. Неговото пишување продира во заборавените одаи на животот и ја штити светлината меѓу луѓето, таму каде што, длабоко во пепелта, останува незгаснатата искра на поезијата..“ – дел од образложението кон наградата, доделена на веќе нашироко познатиот македонски поет, кој ги шири својата поезија и мајчинiot македонски јазик низ светските меридијани, уривајќи ги и обесмислувајќи ги сите обиди за негација на македонската култура, на македонскиот јазик и идентитет.

Никола Маџиров е лауреат на 17-тата меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ (Poetry and People – International Poetry Award) која викендот му беше доделена во кинескиот град Гуангџоу.

Оваа независна поетска награда е востановена од книжевното списание „Поезија и луѓе“ и се доделува од 2005 година за посебен придонес во современата светска поезија. Досегашни лауреати се добитниците на Нобеловата награда за литература Дерек Волкот и Томас Транстромер, кој беше лауреат и на Струшките вечери на поезијата. Меѓу останатите добитници се и неколкумина други лауреати на Златниот венец на СВП како Адонис, Адам Загајевски, Томаж Шаламун и Ханс Магнус Енценсбергер. На листата добитници на оваа награда се и Ен Карсон, Лез Мари, Гери Снајдер, Рита Дав, Еуженио де Андраде како и минатогодишниот добитник на британскиот кралски златен медал за поезија и добитникот на наградата „Т.С. Елиот“ Џорџ Сиртеш.

Наградата, која се состои од скулптура изработена од академскиот скулптор Жанг Јапинг, објавена книга на кинески јазик и паричен износ, му беше доделена на Никола Маџиров на свечена церемонија во Центарот за уметности во Гуангџоу. Скулптурата е инспирирана од стих на Маџиров од песната „Од секоја лузна на моето тело“, а на церемонијата премиерно беше изведена композиција според стиховите на песната „Оној што пишува“, како и кратка драмска изведба според песната „Совршеноста се раѓа“.

Маџиров на церемонијата го прочита говорот на благодарност, како и три песни на македонски јазик. Никола Маџиров е најмлад досегашен странски добитник на оваа престижна награда за современа поезија.

Во образложението на жирито со кое претседаваше поетот и критичар Хуан Лихаи и кое беше прочитано од поетот Јан Ке, претседателот на Друштвото на писателите на Гуангџоу, покрај другото, се нагласува: „Поезијата на Никола Маџиров е длабоко вкоренета во плодната почва на балканската меморија. Надминувајќи ја неизбежната судбина, преминувајќи ги урнатините на историјата и јазовите во културата, тој изнедрува од маглата на времето за да понуди нов светилник преку кој можеме да ги разбереме болката, надежта и човечноста. Почитувајќи ја традицијата на критички медитации од негови претходници-поети кон историското наследство, тој води дијалог со големите умови, ја воочува вистината со непоколеблива храброст и чекори осамено кон зрелоста. Маџиров зрачи со светлечки хуманизам на една нова генерација поети. Исполнето со свеж спектар од слики, неговото пишување продира во заборавените одаи на животот. Неговото пишување ја штити светлината меѓу луѓето, таму каде што, длабоко во пепелта, останува незгаснатата искра на поезијата..“

Ова е трето меѓународно признание за Никола Маџиров годинава, по европската награда за поезија „Н.К. Казер“ во Италија во мај и признанието „Почесен гостин“ на меѓународниот фестивал „Денови на поезија и вино“ во Словенија, во август.

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: На Обвинителството му нудиме систем за електронска архива за поголема контрола врз предметите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

Проектот за брз автобуски превоз во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД!

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.

Влада: Треба да се почитуваат основните принципи на професионално и етичко однесување во медиумскиот простор! – Недоличното однесување на новинарот Адеми кон Јаневска не е изолиран инцидент!

„Заштитата и унапредувањето на слободата на медиумите и правото на новинарите да поставуваат прашања од јавен интерес, без никакви ограничувања или притисоци се наша обврска, но истовремено, нагласуваме дека ова право подразбира и обврска за професионално, достоинствено и етичко однесување. Слободата на изразување не смее да биде изговор за нарушување на личниот и институционалниот интегритет – се вели во реакцијата на Владата, објавена денеска, а во врска со вчерашниот инцидент во Тетово. „Ти рековме да си земеш преведувач кога доаѓаш во Тетово?!“ – со оваа националистичка провокација ѝ се обрати новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование Весна Јаневска за време на промоцијата на реновираното училиште „Моша Пијаде“ вчера во Тетово, кога ја праша Јаневска дали при доаѓањето во Тетово, зела и преведувач од македонски на албански јазик, со очигледна намера да предизвика скандал. На тоа Јаневска рече дека не ѝ треба преведувач и оти не знае кому му треба преведувач во Македонија за македонски јазик. Ова го објави „Плус инфо“.

Милановиќ: Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен! – Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере!

Има живот и без ЕУ, кажа хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб, осврнувајќи се на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон ЕУ. Тој додаде дека на Македонија ѝ се поставуваат премногу услови и барања. Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Република Хрватска.

To top