Петте тони марихуана во Србија го одмотува клопчето кое се вртело околу фирмите во Македонија за производство на канабис под плаштот дека бил за медицински цели. Па така, изворот на запленети пет тони марихуана шверцувана во Србија била токму скопската Алфафарм груп од каде се запленија уште 10-тина тони марухуана и над 1300-те шишиња масло од канабис. Овој случај може да води и кон разрешница поголемата истрага што се води во Македонија за тоа каде одела цеката марихуана, и кој нелегално ја чувал. Во тогашната акција на МВР, претреси беа направени во над 40-тина фирми кои имале лиценца за производство на медицински канабис.
Двајца од обвинетите веќе признале вина и се спогодиле со обвинителката, а кривичен прифатил. Дополнително истрагата опфати и нови седум осомничени дека учествувале во шверцот. На овој нелегален пренос на дрога, му претходеле и други со добро разработена шема. Лани во август биле првите два транспорти, потоа во средината на август, четвртиот во ноември лани, и последниот на православна или стара нова година на 13 јануари годинава. Во три наврати дрогата била сменета со перници, јоргани и постелнина во камионите, еднаш камионот бил пријавен како празен, а всушност имало марихуана и еднаш марихуаната била ставена наместо торти кои претходно поминале на царина.
Камионите се растоварале кај месноста Коњух кај Крушевац, каде марихуаната се препакувала за препродажба.
„Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од царинетата стока, а на нејзино место се ставале кутии со наркотична дрога марихуана со тежина приближно еднаква на тежината на извадената стока. Потоа товарното возило се упатувало кон ГП Табановце, при што било следено од некој од осомничените со патничко моторно возило“ велат од ОЈО за ГОКК.
Скопскиот Кривичен суд ја прифатил спогодбата на обвинителката со Драган Стојанов од Кочани која тој ја иницирал на 4 август. Судот по една недела одосно на 10 овој месец донел пресуда според која Стојанов бил возач на придружба или чистач пред транспортот во сите пет наврати, а за тоа добивал наплаќал по 10.000 евра.
Во сите транспорти шофер на камионот со дрогата бил Александар Ивановски, кој исто така се спогодил – и доби три години и осум месеци затвор. Колку пари тој наплаќал, во пресудат нема информации.
Во досегашната истрага опафатени се газдите на „Алфафарм груп“ и тие се осомничат како главата на шемата која опериралала во Македонија и Србија. По заплената на петте тони во близина на Коњух, македонската полиција ги претреси сите фирми за производство на медицински канабис, а беа запленети над 40 тони марихуана, дел прикажувана како отпад.