Македонија

Од 19-ти до 21-ви септември „Штипска пастрмалијада 2025“

Највкусниот гастрономски фестивал во земјата

Од утре до недела, центарот на Истокот, градот Штип, ќе биде домаќин на уште едно издание на највкусниот гастрономски фестивал во земјата „Штипска пастрмалијада“. Годинава манифестацијата ќе се организира по нов концепт. На шеталиштето во центарот на градот ќе бидат поставени штандови на кои посетителите ќе можат да го вкусат на далеку познатиот кулинарски специјалитет.

– Пастрмалијата ќе се продава по цена од 220 денари, изјави Горан Арсовски, претставник на угостителите

Штипска пастрмалија ќе може да се вкуси и на градскиот стадион, што е втората локација предвидена за одржување на годинашната манифестација.

– На партер делот ќе има 20 штандови, на ултра ВИП делот веднаш до бина ќе има 8 угостители, на трибината од страната на интернатот ќе има 4, а на новата трибина 2 угостители, додаде Арсовски

Според најавите организаторите очекуваат рекордна посетеност од над 100 000 гости од земјава и странство. За нивен прием обезбедени се 4000 паркинг места на 4-те влезови од градот.

– Тие ни се подалечни точки, поради што ќе имаме автобуси кои ќе сообраќајат за да можеме од таму да ги донесеме луќето на „Пастрмалијадата’, изјави Сања Мијалкова, ЛС- Штип

Локалната самоуправа очекува манифестацијата да има позитев импакт и врз локалната економија.

– Целиот закупен простор, сместувачки капациети и угостителски објекти се очкеува да донесе неколку милиони евра директен финансикси импакт кој општина Штип ќе го овозможи преку годинашната манифестација „Пастрмалијада“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Од општинскот буџет за организација се издвоени 4,5 милиони денари, а остатокот е обезбеден преку спонзорство од приватни компании.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top