Македонија

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата градоначалник на Град Скопје

 Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје, објави на социјалните мрежи новоизбраниот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски

Во просториите на Градот денеска му беше врачено уверението за функцијата што ќе ја извршува во наредните четири години.

„Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја. Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни резултати и многу дела“, објави тој на социјалнит мрежи.

На скопјани им заблагодари за поддршката, велејќи дека ќе биде градоначалник на сите, без разлика на верска, национална, партиска или каква било припадност.

Новиот градоначалник најави дека од вечерва од 20:30 часот и официјално почнува големата акција за 72-часовно чистење на Скопје, кое го вети уште во текот на кампањата за локалните избори. Од утре, пак, како што рече, почнува и темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив.

„Градот треба конечно да функционира како што скопјани заслужуваат. Скопје ќе добие и нови проекти, а дел од нив ги започнуваме во наредните денови – инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста – Скопје конечно ќе биде отворен град. Време е.

Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, национална, партиска или било каква припадност.

За мене поделбите не постојат – она што е моја водилка е обезбедување на подобра иднина и достоинствен живот за сите.
И тука нема да се штедам. Го имате мојот збор!
Скопје, почитувани, го менуваме од корен!
Уште од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив.
А, утре, започнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат.
Скопје ќе добие и нови проекти а дел од нив ги започнуваме во наредните денови – инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста – Скопје конечно ќе биде отворен град.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top