Македонија

Османи најавува „движење на отпор“ во Чаир

Локалните не се обични избори. Ова е отпор и започнува движење за нов Чаир“, изјави кандидатот за градоначалник

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на јавен настап нагласи дека во општината се воспоставува ново движење, движење на отпор и достоинство, кое, како што рече, е поголемо од која било изборна кампања.

„Сакам јасно да кажам: на 19 октомври, жителите на Чаир ќе излезат масовно и ќе го поразат системот на купување на волјата на граѓаните, никој не може да им го поништи гласот ако луѓето масовно излезат и ја изразат својата волја.

Ова не се обични избори. Ова е отпор и започнува движење за нов Чаир“, изјави Османи.

„Мислам дека она што се случува во Чаир е поголемо од изборна кампања. Изборите во Чаир се историски. Се буди енергија на отпор. Отпор кон начинот на управување. Против корупцијата. Против уцената. Против клиентелизмот. Она што го гледам овие денови е мотивација за мене. Ни се придружуваат луѓе кои не припаѓаат на ниедна партија: наставници, активисти, занаетчии… кои доаѓаат сами и велат: ова е историска шанса да се ослободи Чаир“, изјави Османи.

Тој нагласи дека во Чаир веќе се формира движење кое има за цел да го врати достоинството и редот, со јасна порака дека „Чаир не е ничија приватна сопственост, ниту рудник за вадење дијаманти“.

„Движењето за достоинство е будење. Движење на отпор за нов, чист Чаир, со модерни училишта и безбедни улици. Движење кое ќе докаже дека Чаир не е ничија приватна сопственост.

Мојата улога е само да бидам глас на таа енергија, да ја насочам институционално. Победата не е моја, победата им припаѓа на сите граѓани на Чаир, кои ќе станат и ќе речат: доста“, нареди Османи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top