Македонија

Падна во вода тврдењето дека се вршеле непотребни операции на срце

Тврдењето дека во Македонија се правени непотребни операции на срце се претвори во дебата за погрешна дијагностика и подготовка за хируршки интервенции

Странските експерти не утврдиле „непотребни операции“, туку сомнителни наоди во дијагностичката проценка, пишува Локално.мк.

Случајот со деветте пациенти не може да се сведе на едноставна квалификација дека биле изведувани „непотребни операции“.

Напротив, од изјавата на министерот Азир Алиу произлегува дека странските експерти укажале на сосема поинаков и поспецифичен проблем, сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација.

Со други зборови, спорот не е во самиот оперативен зафат како изолирана медицинска постапка, туку во она што му претходело: коронарографијата, ангиографските наоди, писмениот извештај и индикацијата врз основа на која потоа била донесена одлука за интервенција.
Кога постои несогласување меѓу ангиографските снимки и писмениот извештај, тогаш клучното прашање е дали дијагностичката документација била правилно интерпретирана и дали врз таква основа била поставена соодветна индикација за третман. Токму тоа го посочува и формулацијата дека „по што следувала несоодветна индикација за процедурите“.

Оттука, наодите на странската комисија отвораат сериозни прашања за квалитетот на дијагностичката проценка, контролата на медицинската документација и процесот на носење одлуки за ендоваскуларен или хируршки третман. Но, тие не дозволуваат поедноставен заклучок дека секоја спорна постапка автоматски значела „непотребна операција“.

Попрецизно, според досега соопштеното, суштината на проблемот е во дијагностичко-евалуацискиот дел и во поставувањето на индикацијата, а не во самиот оперативен чин. Затоа јавната дебата треба да прави јасна разлика меѓу сомнеж за погрешно или неусогласено толкување на дијагностички наоди и тврдење дека биле вршени операции без медицинска основа.

Предходно Алиу објави што кажале странските експерти

Објавен извештајот на странските експерти за операции на срце (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top