Македонија

Пак протест на вработените од ЈП „Паркови и зеленило“

Доколку и до петок не се исплати платата, вработените се подготвени на радикализација на своите протести со блокирање на булеварите и крстосниците во Град Скопје

Поради неисплатената септемвриска плата, веќе втор ден вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ своето незадоволство  го искажуваат со протест.

Тие ги блокираат двата влеза во претпријатието иајавуваат дека ќе протестираат до петок, од 9 до 11 часот.

Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски за МИА изјави дека како единствен репрезентативен синдикат, заедно со вработените и со синдикалната организација при ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје во повеќе наврати минатата недела се обиделе да стапат во контакт со раководството на ова јавно претпријатие.

„ Но, за жал не наидовме на одѕив од другата страна. Доколку во текот на денешниот ден не се исплати платата за септември, за која има законски рок до 15 октомвври, вработените ќе продолжат со изразување на своето незадоволство повторно со блокирање на двата влеза на претпријатието до петок, во период од 9 до 11 часот.

Доколку и до петок не се исплати платата, вработените се подготвени на радикализација на своите протести со блокирање на булеварите и крстосниците во Град Скопје.

За жал, ние како работници, не сакаме повторно да излегуваме на булеварите и на тој начин да го бараме своето основно право на заработената плата за септември.

Сметаме дека тоа може да се надмине со дијалог со раководството на ЈП „Паркови и зеленило“, но за жал не наидовме на разбирање – изјави за МИА Кашиковски.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top