Македонија

Пелегрини: ЕУ се коцка со довербата на Западниот Балкан во неа, кој може целосно да се откаже од европерспективата, поради одложувањата на проширувањето!

Зборувајќи на заедничката прес-конференција во Белград по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Словачка Петер Пелегрини предупреди денеска дека „постојаните одложувања на проширувањето од страна на Европската Унија предизвикуваат опасност да се поткопа довербата на Западниот Балкан кон неа. „Европската Унија се коцка со довербата на граѓаните на Западен Балкан.“ – нагласи Пелегрини, додавајќи дека одложувањето на отворањето на преговарачките кластери на ЕУ за Србија претставува „политичка игра од страна на некои земји-членки“. Ова го објави турската информативна агенција „Анадолу ажанси“

Агенцијата известува: Пелегрини е во официјална посета на Србија. Тој и српскиот претседател Александар Вучиќ разговараа за заемните односи на двете држави, регионалната стабилност и за соработката во рамките на интеграцијата во ЕУ. Словачкиот претседател Пелегрини рече дека неговата земја се спротивставува на воведувањето дополнителни политички услови во преговорите за пристапување на Србија. Тој нагласи дека Белград има право на членство во ЕУ, ако ги исполни утврдените критериуми. Според него, напредокот треба да се оценува врз основа на заслуги, а не врз основа на политички размислувања.

Шефот на словачката држава Пелегрини предупреди дека продолжените одложувања би можеле да ги наведат луѓето во регионот целосно да ја напуштат европската перспектива, што би бил развој на настаните, за кој тој рече дека ќе ги ослаби долгорочната безбедност на ЕУ и довербата во неа.

Инаку, земјите од Западен Балкан остануваат во различни фази од пристапувањето кон ЕУ. Регионот – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, С.Македонија и Србија – е вклучен во европската интеграција повеќе од две децении. Функционерите на ЕУ постојано повторуваат дека иднината на Западен Балкан лежи во рамките на блокот, но внатрешните поделби во и бавното темпо на реформите продолжуваат да го попречуваат проширувањето.

Петер Пелегрини денеска изјави дека неговата земја го поддржува завршувањето на судирот во Украина преку преговори и го поздравува вклучувањето на Доналд Трамп во процесот. Словачкиот претседател изрази надеж дека 2026-та ќе биде година на мир.
– објави „Анадолу ажанси“.

Најнови вести од: Македонија

Кос: Македонија спроведе 56 отсто од предвидените реформи и ќе добие 71 милион евра

На самитот за Планот за раст, што се одржува во главниот град на Албанија, Тирана, еврокомесарката за проширување, Марта Кос направи преглед на достигнувањата на земјите од Западен Балкан со генерална оценка дека три земји постигнаа добар напредок во реформите, додека три други не ги искористија целосно понудените можности. Планот за раст, кој е во свoјата четврта година од реализација, предвидува исплата на средства според спроведените реформи и постигнатите резултати. Македонија ќе добие  нешто повеќе од половина од предвидените средства од ЕУ – 54 отсто, додека најдобра во искористувањето на европските пари е Црна Гора со 94 отсто.

Првата докторска дисертација за македонскиот јазик на Мазинг од 27.11.1890 „пепел“ ги прави фалсификатите на Бугарската академија на науки и шовинизмот на Софија!

На денешен ден, на 27 ноември 1890 година во царска Русија, на престижниот Дерптски универзитет (денешен Универзитет во Тарту, Естонија), балто-германскиот лингвист и полиглот Леонард Готхилф Мазинг ја одбранил својата докторска дисертација за македонскиот јазик со изворен наслов „За јазичната повелба на Македонските Словени. I. Застапеноста на tj и dj“ („Zur sprachlichen Beurteilung der macedonischen Slaven. I. Vertretung von tj und dj). Таа претставува прв врвен научен документ од ваков ранг во светската славистика, кој го третира македонскиот јазик како посебен лингвистички систем. Дисертацијата на Мазинг е неоспорлив европски научен доказ, кој целосно ги разобличува современите политички и академски тези за наводната „вештачка“ природа на македонскиот јазик и народ, кои доаѓаат од шовинистичките противмакедонски „кујни“ на официјална Софија и Бугарската академија на науки. Македонски Словени, македонски дијалекти – овие клучни поими во првата воопшто докторска дисертација за македонскиот јазик се европски научни сведоштва за македонската национална, идентитетска и јазична самобитност и засебност од другите балкански и европски народи, идентитети и јазици.

Разузнавачот Јовановски: Со уцени, закани, бугарската разузнавачка служба ни инсталираше врвни луѓе во политичкиот живот, од премиери до…

„Најголемиот успех на бугарската разузнавачка служба, а наш срам и неуспех , е тоа што таа нам ни изгради врвни луѓе и ни ги инсталира во врвниот општествен и политички живот. Од премиери, до ете, да не зборувам понатаму, тоа им е најголемиот успех. Еден ден ако бидам во можност, јас тоа ќе го ставам да се изучува во школите за разузнавање како пример – како една служба постапува во друга служба и држава. Спомнав и претходно, дали е со уцени со закани, со компромитирање или со друго мотивирање, останува прашање и не е битно, битно успехот е постигнат.“ – изјави поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски во интернет-емисијата „Наткаст“ на порталот „Курир“.

To top