Македонија

Пелегрини: Поддршка за Македонија, и исти правила за сите

Словачкиот претседател Петер Пелегрини изјави дека Словачка ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија како пријател, партнер и сојузник, но и дека проширувањето на Европската Унија мора да биде фер, предвидливо и засновано на исти правила за сите кандидати.

Словачкиот претседател Петер Пелегрини изјави дека Словачка ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија како пријател, партнер и сојузник, но и дека проширувањето на Европската Унија мора да биде фер, предвидливо и засновано на исти правила за сите кандидати.

На заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, Пелегрини истакна дека Западен Балкан е многу важен за целата Европа и дека не смее да остане простор за геополитички натпревар и игри.

„Ставот на Словачка е јасен – стабилен, просперитетен и европски ориентиран Западен Балкан е во стратешки интерес за целата Европа. Поддржуваме европски пат за Северна Македонија, но истовремено веруваме дека довербата во Европа се темели на правила и добрососедски односи“, рече Пелегрини.

Тој додаде дека ниту една земја, вклучително и Украина, не смее да има предност и да влезе во Унијата по скратен пат, туку сите мораат да го поминат истиот процес на реформи и преговори.

„Затоа, земјите кои имаат право да станат членки на Европската Унија првенствено се земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. Нема да поддржиме никакви скратени патишта ниту привилегии за одредени земји пред други“, нагласи словачкиот претседател.

Претседателката Сиљановска-Давкова е во официјална дводневна посета на Словачка.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

To top