Македонија

Пензиите од октомври ќе бидат повисоки за три отсто

Усогласувањето на пензиите во Македонија ќе се реализира според законската формула утврдена во членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување и ќе изнесува 3 отсто. Зголемените примања пензионерите ќе ги добијат на почетокот на октомври, бидејќи пензиите се исплаќаат за претходниот месец.

Септемвриското усогласување на пензиите во Македонија ќе се реализира според законската формула утврдена во членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување и ќе изнесува 3 отсто. Зголемените примања пензионерите ќе ги добијат на почетокот на октомври, бидејќи пензиите се исплаќаат за претходниот месец. Законското усогласување се спроведува двапати годишно, во март и во септември. Формулата претставува збир од 50 отсто од порастот на трошоците за живот и 50 отсто од растот на просечно исплатената нето-плата во првото полугодие во однос на претходните шест месеци.

Според податоците на Државниот завод за статистика за периодот јануари-јуни, индексот на трошоците на животот бележи раст од околу 1,17 отсто, што дава придонес од приближно 0,585 отсто, додека просечната нето-плата порасна за околу 4,75 отсто, односно носи придонес од 2,375 отсто. Вкупното пресметано усогласување изнесува меѓу околу 3 отсто, а бројката ја потврдија од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ).

Кај просечната пензија од околу 28.100 денари растот ќе биде меѓу 830 и 900 денари, со што примањето ќе се искачи на приближно 29.000 денари. За корисниците со повисока пензија од околу 45.000 денари покачувањето ќе изнесува од 1.350 до 1.500 денари, со што новата сума ќе изнесува околу 46.400 денари. Бидејќи станува збор за процентно усогласување уредено со закон, а не за линеарно зголемување со фиксен износ за сите, повисоките пензии добиваат поголем раст пресметан во денари.

Претходните 4 усогласувања откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт беа линеарни, двапати по 2.500 денари и двапати по 1.000 денари, но на 25 август, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека се враќа процентуалното усогласување. Како што кажа тогаш премиерот, таквата одлука се носи со цел заштита на пензионерите и нивните пензии. Тој рече дека при претходните линеарни покачувања биле поднесени иницијативи до Уставниот суд за нивно укинување од страна на поединци поттикнати од опозициските партии. Затоа, според него, натамошниот раст ќе се одвива исклучиво преку редовно нивелирање утврдено во законот.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top