Македонија

Пензиски фонд: Исплатата на пензиите не е загрозена, ќе пристигаат секој први во месецот

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија ја известува јавноста дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија. За тоа вкупно ќе се исплатат околу 9 милијарди и 300 милиони денари. 

-Фондот на ПИОМ нагласува дека во изминатите 30 години пензиите никогаш не биле зголемени за толкав процент во период од една година, што е уште една потврда дека Владата води грижа за подобрување на стандардот на пензионерите, велат од Фондот на ПИОМ.

-Пензионерите треба да бидат спокојни, бидејќи Владата ја гарантира исплатата на пензиите и тука не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година. За наредната 2026 година Владата на Република Македонија во буџетот ќе обезбеди речиси 151 милијарда денари за исплата на зголемените пензии, здравственото осигурување на пензионерите и трошоците за трите пензиски друштва од вториот столб. Фондот на ПИОМ ја информира јавноста дека од први октомври 2024 година до први октомври 2025 година, кога се исплатени септемвриските пензии за 2024 и за 2025 година, номинално се покачени за 6000 денари. Процентуално зголемувањето, со исплатата на септемвриската пензија за 2025 година, изнесува околу 29 проценти во однос на сумата исплатена за августовската пензија во 2024 година, се наведува во нивното соопштение.

Фондот на ПИОМ информира дека вкупните средства за исплата на пензиите со усогласувањата во 2026 година ќе бидат повисоки за 30 милијарди денари, односно за околу 500 милиони евра. -Сите овие покачувања и усогласувања на пензиите се во насока на подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалување на влијанието на инфлацијата стандардот.  Процентот на зголемувањето на пензиите од септември 2024 година до септември 2025 година е многу поголем од инфлацијата, со која се соочуваме., велат од Фондот на ПИОМ.

Најнови вести од: Македонија

Андоновски: На Обвинителството му нудиме систем за електронска архива за поголема контрола врз предметите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и борбата против корупцијата

(Видео): Има пари за луксузирање на владата, граѓаните не можат да се прехранат, реагира Филипче

Филипче посочи дека растот на цените на енергенсите и горивата директно довел до поскапување на основните прехранбени производи. Раст на цените и притисок врз граѓаните.

To top