Македонија

Пијани за Стара нова година, тешка сообраќајка во Битола

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило

Ноческа во 00:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип втори македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(36) од Битола и патничко возило „дачиа сандеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(61) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „дачиа сандеро“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките Ј.Т.(24) и Ф.Т.(24) од возилото „дачиа“, двете од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по преземени мерки е констатирано дека возачот на патничкото возило „форд ескорт“ го управувал возилото под дејство на алкохол, односно во организмот имал 1,81 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.

На 13.01.2026 во 23:35 часот на крстосница од ул.„Лесковачка“ и ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.П.(28) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 14.01.2026 во 00:52 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.О.(50). При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шевролет“ со италијански национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 14.01.2026 во 02:50 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Б.(38) од Неготино. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 13.01.2026 во 19:30 часот на ул.„28 Август“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода Д.Р.(72) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,27 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 13.01.2026 во 21:40 часот на магистралниот пат А2 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода И.К.(44) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 13.01.2026 во 21:13 часот на ул.„Јусуф Багери“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Љ.М.(60) од Дебар. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,83 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

На 13.01.2026 во 20:58 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.А.(58) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,92 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top