Македонија

Поранешната потпретседателка на Костарика најверојатно ќе го наследи Гуетереш во ОН

Поранешната потпретседателка на Костарика е фаворит за генерален секретар на ОН

Според вчерашното прво неформално гласање во Советот за безбедност на Организацијата на Обединетите нации, поранешната потпретседателка на Костарика, Ребека Гринспен, се издвојува како ран фаворит за нов генерален секретар на ОН.

Во таканареченото „straw poll“ гласање, во кое учествуваа сите 15 членки на Советот за безбедност, Гринспен доби десет гласа „охрабрување“, еден глас „не охрабрување“ и четири гласа „без мислење“.

Зад неа се наоѓа поранешната шефица на гвајанската дипломатија, Родригез-Биркет, со девет гласа, а потоа Аргентинецот Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), со седум гласа.

За време на овие неформални гласања, што ќе се одржуваат повеќепати во наредните недели, членките на Советот за безбедност треба со тајно гласање да наведат за секој кандидат дали го „охрабруваат“, „не го охрабруваат“ или „немаат мислење“ за него.

Наследникот на Гутереш се соочува со задачата да ја ревитализира организацијата, која се соочува со криза и опаѓање на угледот, и која е под зголемен притисок да ја реформира гломазната и скапа бирократија и да го намали преклопувањето на одговорностите меѓу бројните агенции, пишуваат британските медиуми.

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

Мицкоски: Владата е насочена да направи современо здравство, за кое ќе се издвојат рекордни над милијарда евра во 2026!

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Клиничката болница во Битола изјави дека здравството останува еден од клучните приоритети на Владата, нагласувајќи дека за оваа година се издвоени рекордни повеќе од една милијарда евра за здравствениот сектор.

To top