Македонија

Услугата „ИТНО КОПЧЕ“ во Карпош

Со услугата „Итно копче“, Општина Карпош продолжува да обезбедува поголема сигурност и грижа за своите повозрасни жители.

Општина Карпош, во соработка со Црвен крст на Град Скопје, ја спроведува услугата „Итно копче“, наменета за жители на Општина Карпош на возраст над 65 години кои живеат сами или со брачен партнер со нарушена здравствена состојба.

Преку аларм-уредот, корисниците имаат брз и лесен пристап до помош во секое време. Со едно притискање на копчето, се воспоставува контакт со обучен оператор кој ја проценува ситуацијата и дава соодветни насоки.  Доколку е потребно, се обезбедува и тим за прва помош во домот, како и транспорт до соодветна здравствена или друга институција.

Заинтересираните лица кои ги исполнуваат условите од Јавниот повика, може да се пријават на 02/15330.

Поради ограничениот број на уреди, корисниците се избираат по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Со услугата „Итно копче“, Општина Карпош продолжува да обезбедува поголема сигурност и грижа за своите повозрасни жители.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Каква трагикомедија! СДС поднесува 225 амандмани за работи, кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила, или ги прави!

СДС поднесува амандмани за Буџетот за 2027 за работи кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила или ги прави, реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на прес – конференцијата на Оливер Спасовски од СДСМ.

(Фото): „Кој ви даде право да нѐ убивате“ – порака од протестот против насилството и фемицидите во Скопје

Насилникот кој ја претепа девојката во Битола в среда излегува од притвор, кажа денеска мајката на девојката, Бети Ангеловска, на протестот пред зградата на Владата во Скопје, во организација на „Ниту една повеќе“.

Во градинка одат помалку од половина од децата во Македонија на возраст до шест години!

„Иако предучилишното образование е важно за раниот развој на децата, во Македонија помалку од половина од најмладите се опфатени со него. УНИЦЕФ предупредува дека до 2032 година треба да се обезбедат уште 19.000 места во градинките за да се достигне националната цел.“ – објави „Плус инфо“.

Одржливиот туризам во фокусот на глобалната агенда: Турција ја предводеше дискусијата на COP31

Преку активностите во рамките на COP31, Министерството за култура и туризам на Турција и Турската агенција за промоција и развој на туризмот имаат цел дополнително да ја зајакнат меѓународната позиција на земјата како дестинација посветена на одржливиот туризам.

To top