Бизнис

Премиерот најави 17 проекти вредни над 650 милиони евра и 5.000 нови работни места

Мицкоски презадоволен и од над двојно поголемиот извоз на земјоделски производи во четвртиот квартал во однос на увозот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека активно се работи на привлекување нови инвестиции кои дополнително ќе ја раздвижат македонската економија.

„Во моментов во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за државна помош се 17 проекти, во вкупна вредност од над 650 милиони евра, кои што треба да обезбедат 4.500-5.000 нови директни работни места. Очекувам оваа година најголемиот дел од овие проекти да бидат отпочнати со производство, што, исто така, ќе додаде вредност во вкупниот бруто-домашен производ на државава, а колку е тој поголем, толку повеќе ние ќе имаме пари за реализирање на ваков вид капитални инвестици“, изјави премиерот при увидот во градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани од коридорот 8.

Мицкоски е презадоволен и од растот во земјоделството.

„Навистина импресивни се резултатите во земјоделието во четвртиот квартал, повеќе од двојно е поголем извозот во земјоделието отколку увозот на земјоделски производи. Само во четвртиот квартал имаме околу 12,5 милијарди денари што е навистина импресивна бројка, споредено со целата година, имаме преку 450 милиони евра извоз на земјоделски производи, наспроти околу 200 милиони увоз“, истакна тој.

Најнови вести од: Бизнис

Азески: Кичево има потенцијал да стане мултимодален транспортен јазол

Во Стопанската комора во Кичево се одржа седница за разгледување на актуелната економска состојба во регионот, инфраструктурните приоритети, поддршката на локалните компании, како и можностите за заеднички иницијативи меѓу бизнис-заедницата и локалната власт. На седницата присуствуваа и раководителите на регионалните комори од Битола, Охрид и Прилеп.

Живејачката поскапа во февруари, синдикалната кошница над 1.100 евра – на што се должи тоа?!

Минималната синдикална кошничка повторно порасна. Во февруари, за основните трошоци на едно четиричлено семејство биле потребни 67.382 денари, речиси 1.000 повеќе од јануари. Според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија, растот за само еден месец изнесува 969 денари.

Декемвриската просечна плата порасна за 7,6% и изнесува 46.889 денари

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано и во Транспорт и складирање со раст од 12,8 проценти, Рударство и вадење на камен со 9,0 проценти, како и во Градежништво со 7,0 проценти.

(Фото): Се стега обрачот за издавање на потрошувачки кредити, банките ги заоструваат условите

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,5%, во поголем дел поради зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,6%, под влијание на растот на кредитите кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Македонија со најсилен раст во авиосообраќајот, воведени 23 нови линии со рекорден број на патници

Македонските аеродроми ја надминаа бројката од 3,5 милиони патници, а годинава таа бројка може да надмине четири милиони, што би претставувало историски рекорд за авиосообраќајот во земјава. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека од изборот на актуелната Влада се воведени 23 нови директни авиолинии.

Функционерските плати нема пак да пораснат, зошто ССМ ги премолчи фактите од 2024 година?!

За колку проценти пораснала просечната плата, за толку ќе се намалат коефициентите за функционерите. И годинава нема да се зголемуваат платите на премиерот, министрите, пратениците, судиите, обвинителите, градоначалниците. Власта прво ќе ја чека пресметката на Државна статистика. Оттаму утре ќе објават колку изнесува просечната нето плата за 2025-та.

To top