Македонија

Пресврт – МВР ја уапси сопругата на лекарот од ДУИ во кого беше пукано вчера

Не била политичка туку љубовна причина

Место политичка најверојатно се работи за љубовни маки. Во пресврт кој наликува на холивудски трилер МВР ја уапси сопругата на лекарот од ДУИ во кого беше пукано вчера во Куманово.

Полицијата ја уапси сопругата на докторот – пулмолог Зекирија Шаини, кој вчера беше застрелан во центарот на Куманово, наводно поради вмешаност во нападот кон него.

„Вчера полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А.(43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш.(43) од село Слупчане, липковско.

Во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес.

По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф.(36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава“ велат од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top