Македонија

Претседателката со остра порака до ОН: Светската организација опасно се приближува до критична точка

Повик за будење од македонската претседателка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати остра порака до организацијата на Обединетите Нации по повод јубилејот 80 од основањето на светската организација.

Во пораката до Обединетите нации Сиљановска Давкова порачува дека светската организација опасно се приближува до критична точка до која пред втората светска војна дојде Лигата на народите која беше претходник на ОН.

Во видео пораката од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН таа предупредува дека не смее да се случи силните народи и држави да го прават што можат, а слабите да го трпат што мораат.

Целата порака во продолжение

Превод на македонски јазик од видео пораката

Екселенции,

Дами и господа,

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го прекинат колонијализмот, да ги почитуваат човековите права, да ја унапредат правдата и меѓународното право. Нивната Повелба ја зацврсти суверената еднаквост на државите. Нејзините агенции се стремеа да создадат подобар свет, градејќи мир не само меѓу народите, туку и со природата.

Осумдесет години подоцна, многу од овие достигнувања, за жал, се поткопани. Мултилатералниот систем заснован на правила сега е распукан од тежината на растечката мултиполарност. Поради тоа што се сѐ повеќе парализирани кога е најпотребно, Обединетите нации опасно се приближуваат до „моментот на Лигата на народите“, до стариот светски поредок во кој силните прават што можат, а слабите трпат што мораат. Македонските граѓани искусија некои од овие двојни стандарди уште од првиот ден на нашето членство во ОН во 1993 година.

Сепак, веруваме дека малите земји треба да бидат најголемите поддржувачи на ефективниот мултилатерализам со реформирани и силни ОН во центарот. Го усвоивме Пактот за иднината како обновен глобален општествен договор, бидејќи сите страни споделуваат одговорност не само во почитување на своите права, туку и имаат и должност да се грижат за системот.

Оваа 80. годишнина е повик за будење за да ја потврдиме нашата посветеност на Повелбата на ОН и нејзиниот меѓународен поредок заснован на правила. Од нас зависи дали ОН ќе се справат со предизвиците и ќе продолжат да градат иднина на мир, правда и напредок на здрава планета.

Среќен роденден, Обединети Нации!

Најнови вести од: Македонија

“Незрело”: Мицкоски за одбивањето на Филипче да присуствува на лидерска средба

Реакцијата на Мицкоски доаѓа по прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој рече дека нема да има средба за техничката влада откако премиерот најави дека ќе упати покани до парламентарните политички партии за лидерска средба.

(Фото): Поплавени куќи во Кичево – состојбата алармантна, семејства итно евакуирани

Кичевчани, барем оние кои се загрозени, бараат да бидат сместени во социјални станови кои се обезбедени во градот. Меѓутоа градоначалникот вели има 30 станови, ни никој во минатото не презел мерки да се обезбеди струја и вода во нив. Планот му е вели да им се најде трајно живеалиште, наместо повторно да бидат вратени во куќите, до следната поплава.

Самсунг (Samsung) одбројува до Милано Кортина 2026 со претставување на новиот ростер на тимот “Samsung Galaxy“

Нов тим составен од глобални спортисти предводници на патот кон претстојните Олимписки и Параолимписки Зимски Игри ќе го отелотвори верувањето на брендот дека „Отвореното секогаш победува

To top