Македонија

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Признанието, кое го доделува Министерството за култура и туризам во рамки на манифестацијата „Најдобрите во 2026 година“, по повод Светскиот ден на туризмот, на претставниците на Limak им го врачи министерот за култура и туризам на земјава, Седат Сулејмани, на свеченоста одржана во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Наградата, која има долгогодишна традиција, е признание што Министерството за култура и туризам го доделува за придонес кон унапредувањето на туристичката понуда и квалитетот на услугите во туризмот. За Limak Skopje Luxury Hotel, таа е потврда за резултатите во секојдневната работа, од квалитетот на услугата и професионалноста на тимот, до начинот на кој одговара на сè поголемите очекувања на своите гости.

Во година во која Скопје и натаму се позиционира како дестинација за деловни патувања, значајни конференции и големи настани, признанието од Министерството за култура и туризам е важна потврда за местото што хотелот го има во туристичката понуда на главниот град. Поставен во централното градско подрачје, Limak Skopje Luxury Hotel е дел од современиот урбан пејзаж, а неговата локација и архитектурата му даваат посебно место на хотелската и угостителската сцена во земјава.

  • „Ова признание за нас има голема вредност затоа што доаѓа како резултат на работата на нашиот тим кој секојдневно се грижи Limak Skopje Luxury Hotel да ја оправда довербата од своите посетители. Во хотелиерството, квалитетот се гледа во деталите, почнувајќи од услугата, вниманието кон гостинот, начинот на кој тимот реагира, но и во чувството со кое гостинот го напушта хотелот. Горди сме што трудот на нашиот тим е препознаен и од институцијата што го следи развојот на туризмот во земјата. Ова признание за нас е потврда за постигнатото, но и мотив да продолжиме да инвестираме во уште повисоки стандарди“, изјави Санџак Курт, генерален директор на Limak Skopje.

Признанието од Министерството за култура и туризам добива дополнителна тежина ако се земат предвид и впечатоците на самите гости. Limak Skopje Luxury Hotel е меѓу највисоко оценетите хотели на Booking.com. Особено се издвојува по локацијата, удобноста, чистотата и професионалноста на персоналот, а во 2026 година го доби и признанието Traveller Review Award.

Со 146 соби, ресторан, лоби бар, скај бар, спа и фитнес центар, како и современи простори за конференции и настани, Limak Skopje Luxury Hotel е дизајниран да одговори на различни потреби, и за кратки престои и деловни патувања, но и за големи корпоративни и приватни настани.

  • „Најголемата вредност на едно хотелско признание е кога зад него стои искуството на оние што престојувале во хотелот. Нашата работа е секој гостин, без разлика дали доаѓа на една ноќ, на деловен состанок, на конференција или на подолг престој, да почувствува дека вниманието кон него е искрено и професионално. Затоа ова признание го споделуваме со целиот тим на Limak Skopje Luxury Hotel. Тоа е нивна награда исто колку што е и наша, бидејќи токму луѓето се тие што го претвораат хотелот во искуство“, изјави Ѓокан Рамазаноглу, генерален директор на Limak Skopje Luxury Hotel.

За Limak Skopje Luxury Hotel, признанието „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ е потврда за досегашната работа, но и поттик за понатаму. Со истото внимание кон услугата и гостите, хотелот продолжува да го гради своето место меѓу значајните хотелски имиња во главниот град.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

(Фото): Европските даночни советници доаѓаат во Скопје

Институтот на сметководители и овластени сметководители го зајакнува меѓународното позиционирање на македонската сметководствена професија, преку активно учество на водечките европски и глобални професионални конференции и форуми. Поедноставувањето на регулаторните барања, намалувањето на административниот товар и создавањето подобри услови за работење на малите и средните претпријатија, беа во фокусот на дискусиите на овие собири.

Јаневска за исхраната на учениците: Утврдивме неправилности, ќе произлезат препораки за училиштата

Министерството за образование и наука (МОН) наскоро до сите училишта во земјата ќе достави препораки за исхраната на учениците, најави денеска од Штип, министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека МОН заедно заедно со УНИЦЕФ, Светска банка и неколку невладини организации со коишто соработуваат, направено е истражување за да видат како се […]

Потврдена средбата Муцунски-Петрова, Македонија ќе порача дека може да се најде решение само со дијалог

Сподели
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е добиена официјална потврда за одржување билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова утре во Софија, каде се одржува Меѓународна конференција на министерско ниво, посветена на развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8.

To top