Македонија

Протест пред Уставен на 1 декември: Пензионерите бараат правда за покачувањето од 2.000 денари

Пензионерите и понатаму се во неизвесност дали најавеното линеарно зголемување на пензиите ќе се реализира поради потегот на Уставен суд и Кацарска. Поради тоа, во понеделник, први декември, со почеток во 11 часот пензионерите од цела држава ќе протестираат пред Уставниот суд во Скопје.

Фото: Ѓ. Личовски

Пензионерите и понатаму се во неизвесност дали најавеното линеарно зголемување на пензиите ќе се реализира поради потегот на Уставен суд и Кацарска. Поради тоа, во понеделник, први декември, со почеток во 11 часот пензионерите од цела држава ќе протестираат пред Уставниот суд во Скопје.

Во скандалот кој го тресе македонското судство, а овојпат адресата е Уставен суд Б.Б. По предлог на судијката Добрила Кацарска, за која цела Македонија многу добро знае како и зошто дојде на таа позиција (како награда за нелогичните политички пресуди за патриотите од 27-ми април), Уставниот суд прифати да поведе постапка за  оценување на уставноста на ЛИНЕАРНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ ПЕНЗИИ, со кое македонските пензионери добија по 2.000 денари плус на своето конто, во две фази наесен и наредната година на пролет. Со оваа мерка беа опфатени стотици илјади пензионери.

Повеќе од трагичното објаснување на Уставниот суд е дека имало некаков си наводен сомнеж за дискриминација на пензионерите со поголеми пензии во однос на оние со минималните пензии, аргумент кој од општествено-социјален аспект е далеку од умот и нема никаква логика. За нивна жал, тие со поголеми пензии и кои јавно се бунеа, се предомислија во јули годинава и ја пофалија мерката и потегот на премиерот Христијан Мицкоски. Тоа, сепак, не стигнало до Кацарска и Уставен.

Координирано со Уставен и СДСМ сее страв дека пензискиот систем е руиниран, што е целосна лага.

Од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување смируваат. Од таму потенцираат дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија, за што вкупно ќе се исплатат средства во висина од 9.297.493.427 денари (девет милијарди 297 милиони 493 илјади и 427 денари)

Пензионерите треба да бидат спокојни, бидејќи Владата ја гарантира исплатата на пензиите и тука не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година, велат од ФЗОМ.

Оттаму информираат и дека за наредната година Владата во Буџетот ќе обезбеди речиси 151 милјарда денари за исплата на покачените пензии, здравственото осигурување на пензионерите и транзициските трошоци за трите пензиски друштва од вториот столб.

Најнови вести од: Македонија

Владата ги испраќа имињата на кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Официјално не се соопштени имињата на кандидатите, но според потврда на самите кандидати, се работи за моментната вршителка на должноста државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката од скопското Обвинителство Лидија Раичевиќ, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски и поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчeвски.

За Хоџа „РМ може да се гради само со партнерство меѓу Албанците и Македонците“, а „ДУИ нема да влегува во владата без договор“?!

Потпретседателот на ДУИ, Арјанит Хоџа, во Клик Плус на ТВ21 „остро ја критикуваше“ актуелната Влада, велејќи дека „нејзините цели биле јасни уште од почетокот“: „слабеење на позицијата на Албанците во Македонија и легитимирање на таа политика преку мала група луѓе“. Тој нагласи дека, „ДУИ не може да влезе во Владата без политички договор“. Според Хоџа, „ова е првата Влада во историјата на државата која е формирана без политичка програма на албанските партии“. Ова го објави ТВ 21.

Закани по животот на новинарот Видиновски : „Смрт за вас!“, „Копилиња асномски!“ – МАН повикува ЈО веднаш да реагира!

Македонската асоцијација на новинари – МАН го повикува јавното обвинителство по службена должност веднаш да преземе мерки против лицата кои со име и презиме му се закануваат на новинарот и уредник во Канал 5 ТВ Александар Видиновски, шират говор на омраза, ксенофобија, предизвикуваат национална нетрпеливост и упатуваат закани по неговиот живот, по објавата на неговото видео за непрописно паркираните возила пред Бугарската амбасада.

Сиљановска-Давкова: Евроинтеграцијата на Балканот e стратегиска потреба за стабилноста и безбедноста на Европа

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи оствари средба со претседателот на Република Естонија Алар Карис, на којашто беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции. Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на заемната соработка со балтичката земја и склучување договори во областите од заемен интерес.

Најнови вести

To top