Македонија

Рамабаја: Косово и Албанија ќе се обединат за 10 години, но сиот албански простор веќе комуницира секој ден, имаме и заеднички буквар!

Политичкиот аналитичар од Косово д-р Садри Рамабаја е убеден дека „Косово и Албанија ќе ја формираат ‘Албанската федерација“, која ќе влезе во Европската унија како „чекор кон национално обединување на сите Албанци од Балканот“.

„Националното обединување на Косово и Албанија ќе заврши во следните 10 години. Првиот чекор во оваа насока е веќе направен: изградбата на патот на нацијата е еден од најважните стратегиски и воени процеси. Вториот чекор е секојдневната комуникација на целиот албански простор и зближувањето едни со други, а тука се како процеси и користењето на заедничкиот албански буквар и најавеното создавање воена единица на нашите две републики Косово и Албанија.“ – изјави Садри Рамабаја, доктор по политички науки и самостоен научен истражувач од Косово, во емисијата „Дебата плус“ на ТВ Дукаѓини од Косово. Ова го пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

ИНА пренесува: „Вистинските шанси се дека процесот на обединување ќе биде завршен во следните 10 години. Во овој поглед јас сум многу оптимист.“ – рече Рамабаја. Тој посочи дека „на националното обединување не може да се гледа како на бајка, туку како на историски процес, што ќе се случи“. „Не можеме повеќе да го гледаме националното обединување како бајка, туку мора да го гледаме како историски процес. Ова ќе се оствари, ако успееме да ги јакнеме секојдневно безбедноста, духовното единство на нацијата и целта за реализација на ова национално обединување на еден, или друг начин.“ – рече Рамабаја.

Рамабаја, меѓу другото, изјави дека „не постои политичка сила што може да го одвлече вниманието и интересот на нацијата“. Според него, „веќе се преземени конкретни чекори кон националното обединување“.

„ Нема политичка сила што може да го одвлече прашањето за националното единство од вниманието и интересот на албанската нацијата. Нема поединец што може да го отфрли, во зависност од политичките околности, можно е да се промени концепцијата на оние, што се бореле за овој идеал или стратегијата на овој идеал. Но, тој останува идеал сè на државно формирање на албанската нација од 1912 година. Прашањето е како да се продолжи напред: во долго истражување се обидов да ја видам Албанската федерација како историски процес во Европската Унија.“ – наведе Садри Рамабаја, пренесе ИНА.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top