Македонија

Реакција од ВРЕДИ откако Мицкоски рече дека нема да заборави за Кичево

Во Кичево води Александар Јовановски но ако сите Албанци гласаат за Дехари ќе победи кандидатот на ДУИ

Реакција од коалицијата ВРЕДИ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вчера рече дека нема да го заборави предавството што го најави Касами за Кичево.

Денеска коалицијата побара Дехари да се повлече од трката и отиде контра Касами кој најави поддршка за кандидатот на ДУИ затоа што е Албанец.

Коалицијата Вреди денеска потсети дека пред изборите побарала кандидатот на ДУИ за Кичево Фатмир Дехари да се повлече од изборната трка по објавените компромитирачки материјали и дека кичевци мора сами да ја донесат одлуката на 2 ноември.

„По објавувањето на компромитирачките материјали, коалицијата Вреди побара повлекување на кандидатот на НАИ од трката за да се заштити достоинството на процесот. Но, тој одлучи да продолжи, ставајќи го Кичево во нефер позиција и докажувајќи дека за оваа политичка каста, власта е последниот политички кислород.

Ова е последица на политиката која со години сè градеше врз ароганција, лаги и лично пазарење, мислејќи дека секој скандал ‘поминува за три дена’. За коалицијата Вреди, како што рековме, јавниот морал не е предмет на преговори. Затоа, сега луѓето од Кичево мора сами да ја донесат пресудата“, се наведува во соопштението од Вреди.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top