Македонија Спорт

Реваншот Алкалоид – АЕК откажан „од безбедносни причини“, соопшти ЕХФ!

Седумнаесет минути по официјалното откажување на возвратната средба од финалето на Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК во арената „Борис Трајковски“ се огласи Европската ракометна федерација (ЕХФ). „Финалето на Европскиот куп на ЕХФ во Скопје помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина е откажано поради безбедносни причини. Овој натпревар беше реванш од финалето. РК Алкалоид […]

Седумнаесет минути по официјалното откажување на возвратната средба од финалето на Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК во арената „Борис Трајковски“ се огласи Европската ракометна федерација (ЕХФ).

„Финалето на Европскиот куп на ЕХФ во Скопје помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина е откажано поради безбедносни причини.

Овој натпревар беше реванш од финалето. РК Алкалоид го доби првиот натпревар во Атина со 29:25.

Дополнителни информации за понатамошните процедури ќе бидат соопштени навремено“, објави ЕХФ.

Најнови вести од: Македонија Спорт

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top