Македонија

Ристовска останува без предметите „Талир“ 1 и 2

Државниот јавен обвинител Савески на брифинг со новинарите истакна дека потегот не е насочен лично кон Ристоска и нема политичка заднина, туку има за цел воведување ред и евиденција во системот

Обвинителката Ленче Ристоска останува без предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, кои се однесуваат на наводно незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и на барањето за конфискација на партиското седиште.

Ова доаѓа по одлуката на државниот јавен обвинител Ненад Савески да ги повлече овластувањата дадени на дел од обвинителите да постапуваат во други обвинителства.

Савески на брифинг со новинарите истакна дека потегот не е насочен лично кон Ристоска и нема политичка заднина, туку има за цел воведување ред и евиденција во системот.

„Одлуката ја донесов денеска и сè уште не е потпишана. Ова не е само за Ленче Ристоска. Има многу овластувања, не знам колку се точно. Мораме да имаме јасна слика. Моите одлуки не се политички“ изјави Савески вчера, јави „Плусинфо“.

Според информациите, едниот предмет што го водеше Ристоска бил во надлежност на обвинителство во кое таа не работи, па ќе ѝ биде одземен по сила на генералната одлука.

За вториот предмет, кој формално е во обвинителството каде што таа работи, ќе се утврдува дали го добила со овластување, но неофицијално и тој бил воден на ист начин.

„ Кога дојдов, затекнав куп предмети во кои обвинители постапуваат во обвинителства каде што не работат. Мораме да воведеме ред“, рече тој.

 Савески посочи дека сè уште не донел одлука за евентуално изземање на Ристоска од случајот „Талир“, иако такво барање е поднесено.

Предметот го прибавив и го проучив, но сè уште немам донесено одлука, бидејќи ја разгледувам состојбата со дадените овластувања на јавните обвинители – изјави Савески во телевизиско гостување.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top