Македонија

СДС мора да расчисти со Филипче ако сака да се реформира и да биде релевантен политички субјект во земјава

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение пишува за аферата со стоковите резерви со што според нив, се разобличуваат скандалите од времето кога СДС беше власт.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение пишува за аферата со стоковите резерви со што според нив, се разобличуваат скандалите од времето кога СДС беше власт.

Се разобличуваат скандалите од времето кога СДС беше власт, и сето тоа е показател за структурниот хаос, распаднатите институции и неодговорноста на СДС.

Случајот со стоковите резерви е само уште едно потсетување дека институциите под контрола на СДС функционирале само како импровизирани конструкции без механизми за одговорност.

Отписот на 2000 тони пченица и јачмен од стоковите резерви, преку Трајан Димковски, тогашен заменик министер за земјоделство, па потоа истите количини најверојатно завршувале на црниот пазар во соседна држава, алудираат дека ова е организирана злоупотреба од страна на тогашната власт.

И покрај укажувањата дека пченицата постоела и била употреблива, направен е  записник што го тврди спротивното, т.е документ со контрадикции, кој сепак е прифатен на владина седница.

Тоа значи дека Заев, Николовски и актуелниот претседател на СДС во опозиција, Венко Филипче, како дел од тогашната владина структура, формално легитимирале документ што не кореспондирал со фактичката состојба на терен.

А сега Филипче, преку развлечени прес излагања се обидува да се позиционира како опозициски коректив?

Не може некој кој лично учествувал во систем што дозволил вакви пропусти да биде коректив.

Ако СДС има намера да се реформира и да стане релевантен политички субјект во земјава, мора да покаже зрелост и да се огради од сите функционери на минатата власт.

Тоа подразбира дистанца од Заев, Николовски, а и од Филипче, бидејќи тоа се фигури кои го спречуваат секој обид за вистински реформи во партијата – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top