Македонија

Се чувствувате полезно кога дете ќе ви побара телефон за да ви се јави – Сиљановска-Давкова во посета на две здравствени установи

Претседателката на медицинскиот персонал му изразува благодарност за пожртвуваноста, хуманоста, посветеноста и грижата за најскапоценото – здравјето на децата

Денеска, во пресрет на Новата година Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги посетила децата пациенти на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

 

 

,,Во детските очи видов искрена надеж за брзо оздравување, а во умните зборови решеност за победа на болеста.

Убаво е чувството со пакетче в раце да разговарате со новите пријателчиња за Дедо Мраз, за игра, за учење и забава. Вреди обидот барем за момент да им одлетаат мислите надвор од болницата и да ги убедите дека следната Нова година ќе ја дочекаат дома.

Се чувствувате полезно кога дете ќе Ви побара телефон за да Ви се јави или кога ќе ви ја каже неговата најголема желба, а вие го посакувате истото за него.

 

Неизмерно сум им благодарна за денешното дружење на коешто ќе ме потсетуваат нацртаните балерини на Ајла и Тијана”, објави Претседателката ГорданаСиљановска-Давкова која на медицинскиот персонал му изразува благодарност за пожртвуваноста, хуманоста, посветеноста и грижата за најскапоценото – здравјето на децата!

Најнови вести од: Македонија

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top