Македонија

Семејството на Фросина Кулакова повика на протест

Семејството на младата Фросина Кулакова која трагично го заврши животот во јануари, прегазена на пешаки премин на сообраќајка , денеска повика на протест што ќе започне во 17 часот. жртвата повика на протест. Возачот Васил Јованов, кој ја предизвика несреќата возел без возачка, со голема брзина, бил под дејство на алкохол и не почитувал знак […]

Семејството на младата Фросина Кулакова која трагично го заврши животот во јануари, прегазена на пешаки премин на сообраќајка , денеска повика на протест што ќе започне во 17 часот. жртвата повика на протест.

Возачот Васил Јованов, кој ја предизвика несреќата возел без возачка, со голема брзина, бил под дејство на алкохол и не почитувал знак „црвено“ пред пешачкиот.

Вчера на Јованов му беше изреечена казна од 12 години затвор.

Протестот е закажан за во 17.00 часот на местото каде Кулакова беше прегазена, односно на пешачкиот премин спроти Универзална сала во Скопје.

Семејството на Фросина, како и граѓани реагираа на донесената пресуда барајќи построга казна, иако според одредени адвокати, казната за Јованов е највисока изречена казна до сега за такво дело.

Таткото на Фросина: 12 години затвор е награда, а не казна!

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

To top