Македонија

Шокантни пораки од Кичево во присуство на Ахмети: Албанците имаат само еден противник

ДУИ не може да ја скрие мрачната агенда за Кичево

Средбата на кандидатите за градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари (ДУИ) и Шкодран Алили (Независен) укажува на стратегијата на ДУИ во Кичево со цел да не победи Македонец во овој град.

Според краткото видео од средбата, на која е присутен и лидерот на Али Ахмети, кое на својот ФБ профил го објавил кандидатот Шкодран Алили во Кичево може да победи секој кандидат Албанец но не смее да победи кандидатот Македонец.

,,Албанците во Кичево имаат само еден противник, кандидатот на ВМРО”, објавува Алили во видео на кое се прегрмува со Ахмети.

Единствениот кандидат за градоначалник на Кичево Македонец во овој град е токму кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во трката за градоначалник на Кичево има четворица кандидати:

Фатмир Дехари, актуелен градоначалник во последниве 12 години во кои за него беа објавени многу сфери со доби и кривична пријава, Фатмир Лимани од ВЛЕН.
Шкодран Алили, кој се декларира како независен и Др. Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Нејасно е само како лекарот Александар Јовановски некој може да го смета за единствен противник или непријател на Албанците во Кичево, кога токму тој има сопруга Албанка со која се родители на три деца.

Видеото со шокантните пораки

https://www.facebook.com/watch/?v=684481904696320

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top