Македонија

Сиљановска-Давкова на „Re:Europe: Rethinking Europe Together“: Европа заедница на вредности а не на двојни стандарди

Зошто Македонија да менува устав со повисоки стандарди на заштита на малцинствата, не само од Бугарија, туку и од најголемиот број членки на ЕУ?

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обратила пред учесниците на летната школа „Re:Europe: Rethinking Europe Together“, проект финансиран од Канцеларијата за француско-германско пријателство, имплементиран од Парискиот Институт за политички науки при Дижон и Хумболтовиот универзитет од Берлин.

На летната школа, којашто ја раководи професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Иван Дамјановски, покрај од земјава, учествуваат и студенти од Германија, Полска, Израел, Бугарија, Франција, Словачка, Луксембург и Украина.

Сиљановска-Давкова пред учесниците потсетила на бројните идеи за европско обединување. Таа ја акцентирала решеноста на татковците-основачи на ЕУ за ставање крај на војните, преку формирање на европската заедница, претходница на ЕУ, втемелена не само на економски, туку и на демократски принципи и вредности.

За неа, Конрад Аденауер и Роберт Шуман, но и Алчиде Де Гаспери и Жан Моне се државници, цврсто убедени миротворци. Француско – германската комисија не била замислена како политичка арена за притисоци, туку како демократски простор за дебата и разбирање на другиот. За жал, македонското искуство со меѓудржавни комисии е во тукидитовски стил, стои во соопштението од кабинетот на претседателката.

Преку примерот на различни евроинтеграциски искуства, Сиљановска-Давкова укажала на неконзистентноста на евроинтеграциската политика, непочитување на Копенхашките критериуми и на конститутивните акти на заедницата/унијата, како и на практикување двојни стандарди во процесот на проширување.

Според претседателката, ЕУ мора да се реформира за да биде функционален, демократски политички систем, но и да се прошири за да биде компетитивен актер на комплицираната и непредвидлива глобална сцена. Таа посочила дека главна пречка на овој пат е консензусот, како метод на одлучување, но и злоупотребата на ветото од страна на некои членки, преку условување на преговорите и напредокот со идентитетски компромиси од ревизионистички карактер.

Претседателката го демонстрирала горенаведениот феномен на македонскиот, антиевропски преседан, анализирајќи ги наметнатите уставни промени однадвор, спротивно на меѓународното, но и европското право, во духот на уставниот инженеринг.

„По 36 амандмани и евроинтеграциски лет во место, пак бараат од нас уставни измени, но сега, не за членство, туку за почеток на преговорите?!“, изјавила Сиљановска-Давкова.

Во обраќањето, Сиљановска-Давкова отворила низа прашања:

– Зарем не е и нашиот устав Lex superior и најважен општествен договор на македонските граѓани, а не книга на политички желби на соседите?

– Зошто би менувале устав со повисоки стандарди на зашита на малцинствата, не само од Бугарија, туку и од најголемиот број членки на ЕУ?

– Што станува со дигнитетот и интегритетот на македонските граѓани по толку уставни измени и празни ветувања?

– Зошто се толерира и стимулира демократскиот дефицит во ЕУ, со одбрана на ирационални, националистички барања?

– Зарем војната на европско тло не е релевантно предупредување за бесплодноста на реактивната политика и нужноста од превентивна?

Таа порачала дека е време за: преиспитување на селективниот пристап на евроинтеграциската политика на ЕУ и нејзиното менување во текот на преговорите; доследно почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур; водење сметка за мислењата на Венецијанската комисија; фокусирање на реформи, наместо на уставен инженеринг.

„ЕУ мора повторно да инспирира со демократскиот капацитет и низ реформи да ја анулира бирократската инертност и спорост во одлучувањето, да воспостави ефикасен механизам на спреги и кочници, да ја зајакне улогата на европскиот демос во Европскиот парламент и преку храбар чекор на проширување, како оној од 2004, да стане важен и силен играч во меѓународните односи” – заклучила претседателката.

По нејзиното обраќање следеле прашања од студентите кои најмногу интерес пројавиле за: реформите неопходни во ЕУ како и во ОН; можните механизми коишто би ги принудиле европските земји да ги почитуваат сопствените принципи и вредности, како и за важноста од внатрешни реформи и владеење на правото во процесот на евроинтеграцијата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

To top