Македонија

Директорот на АХВ Оливер Миланов поднесе оставка, на негово место е назначен Јовица Андовски од здравство

АХВ во остро соопштение ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите.

Директорот Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов вчера поднел оставка, а на негово место е назначен Јовица Андовски, доскорешен заменик-министер за здравство од редовите на Социјалистичката партија. Информацијата денеска ја потврди и Социјалистичката партија на Фејсбук. Партијата им се заблагодари на двајцата за досегашниот ангажман.

  • „Неговиот вложен труд и несебичен ангажман, високо оценети во СПМ и во јавноста, претставуваат негов личен залог за идно извршување на одговорни и високи должности во ресорот на извршно ниво“, напишаа од партијата.

Засега ниту Миланов, ниту Агенцијата за храна и ветеринарство не соопштуваат која е причината за оставката. Од Агенцијата ја отфрлија можноста состојбата со болеста сипаници кај овците и козите и необезбедените вакцини да е главната причина за оставката. Агенцијата за храна и ветеринарство ги отфрли тврдењата на претседателот на асоцијацијата на сточари Насер Џемаили дека оставката на досегашниот директор Оливер Миланов е резултат на притисокот и незадоволството на сточарите поради доцнењето на вакцините против сипаници кај овците и козите.

Миланов вчера на Фејсбук објави дека пристигнаа 400.000 дози вакцини против сипаници кај овците и козите на аеродромот во Скопје од Турција. Андовски, неодамна поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство.

Најнови вести од: Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

Клековски: Ќе се основа самостоен Центар за итна медицинска помош Скопје, што може да се прошири на другите градови!

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по коментари за негова објава и даде објаснување што се прави со Итната помош.

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не се штитат со отворени писма, туку со одржливи правни решенија!

Министерот за правда Јетон Шасивари му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, оценувајќи дека ова прашање не треба да се претвора во партиско наддавање и меѓусебни обвинувања.

Средба Мицкоски-Варнс за македонско-американските односи и стратегиското партнерство

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта слика на ѕид!

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во продолжението на амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2027 година, во реплика кон Лукаревска, а во врска со амандманот на СДС за обезбедување на средства од републичкиот буџет, за реконструкција и рехабилитација на улица „50-та Дивизија“, истакна дека вакво барање, по претходно собрани потписи на жителите на улицата, било поднесено до Општина Центар, пред повеќе од три години, а Општина Центар и СДС се сетиле дури сега.

To top