Македонија

За Кос Македонија е „меѓу најподготвените кандидати за ЕУ“, ама уставните измени остануваат услов за напредок!

„С.Македонија ја подобри подготвеноста за членство во Европската Унија и е меѓу земјите кандидати со највисок степен на усогласеност со европското законодавство. Сепак, за деблокирање на пристапните преговори и отворање на првиот кластер ‘Темели’, земјата треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, со кои се предвидува вклучување на малцинствата во Уставот.“ –  порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната прес-конференција во Брисел по повод  претставувањето на „Пакетот за проширување“ за 2026 година.

Марта Кос и Каја Калас

Кос оцени дека „земјата во изминатиот период ги забрзала реформите во рамките на Планот за раст и вложува значителни напори за подобрување на подготвеноста за членство во ЕУ“. Сепак, таа посочи дека „се очекува дополнителен напредок во борбата против корупцијата и спроведувањето на реформата на јавната администрација“. „Во однос на усогласеноста со законодавството на ЕУ, С.Македонија е меѓу земјите со највисоко ниво на подготвеност. За да ја деблокира следната фаза од пристапните преговори и да го отвори првиот кластер „Темели“, земјата треба да ги усвои уставните измени договорени во 2022 година, кои се однесуваат на вклучувањето на малцинствата – изјави Кос.

Таа нагласи дека без исполнување на овој услов Европската комисија не може да му предложи на Советот на ЕУ преговарачка рамка. „Сè уште е повлечена рачната сопирачка на пристапните преговори на С. Македонија.“ – рече Кос, посочувајќи дека политичките одлуки се клучни за напредокот на секоја земја кандидат.

Според неа, „разликите во напредокот меѓу земјите кандидати покажуваат дека политичката волја и конкретните одлуки се одлучувачки за темпото на пристапување, додека реформите остануваат основен услов за напредок кон членство во ЕУ.“

Калас: Поголема ЕУ значи посилна европска безбедност

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, порача дека проширувањето на Унијата ќе придонесе за зајакнување на европската безбедност, зголемување на нејзината геополитичка тежина на меѓународната сцена и отворање нови економски можности.

Најнови вести од: Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

Клековски: Ќе се основа самостоен Центар за итна медицинска помош Скопје, што може да се прошири на другите градови!

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по коментари за негова објава и даде објаснување што се прави со Итната помош.

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не се штитат со отворени писма, туку со одржливи правни решенија!

Министерот за правда Јетон Шасивари му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, оценувајќи дека ова прашање не треба да се претвора во партиско наддавање и меѓусебни обвинувања.

Средба Мицкоски-Варнс за македонско-американските односи и стратегиското партнерство

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта слика на ѕид!

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во продолжението на амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2027 година, во реплика кон Лукаревска, а во врска со амандманот на СДС за обезбедување на средства од републичкиот буџет, за реконструкција и рехабилитација на улица „50-та Дивизија“, истакна дека вакво барање, по претходно собрани потписи на жителите на улицата, било поднесено до Општина Центар, пред повеќе од три години, а Општина Центар и СДС се сетиле дури сега.

To top