Македонија

Тошковски: Полициските возила ќе снимаат сообраќајни прекршоци и каде што нема камери од „Безбеден град“!

Од 2027 година, возилата на Министерството за внатрешни работи ќе добијат и функција за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци, особено на патиштата и локациите каде што сè уште нема поставено камери од системот „Безбеден град“.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска најави дека во системот ќе бидат вклучени поголем број полициски возила, кои ќе можат да бележат прекршоци и кога се паркирани и кога се движат. Тој посочи дека возачите веќе се навикнале на локациите, на кои се поставени камерите на „Безбеден град“, па таму ги почитуваат сообраќајните правила.

Според Тошковски , но на делниците без видео-надѕор сè уште се забележува неодговорно однесување. „– Со возилата на МВР ќе можеме да откриваме, пред сè, управување моторно возило со несоодветна брзина. Таков тип на контрола е нужен, за да можеме да го смириме сообраќајот и таму каде што немаме поставено камери. Оние, што несовесно управуваат со моторните возила, полека научија каде се камерите и тоа е добро. Е, сега, нема да можат да претпостават каде ќе бидат полициските возила.“ – изјави Тошковски.

Тој објасни дека прекршоците, констатирани од полициските возила, директно ќе се внесуваат во дигиталниот електронски систем за доставување, спроведување и процесирање на сообраќајните прекршоци. Според министерот, оваа мерка ќе има значајна улога во подобрувањето на безбедноста во сообраќајот и исполнувањето на целите, предвидени со Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026–2030 година, која денеска беше претставена.

Тошковски информираше за проширувањето на системот „Безбеден град“. До крајот на ноември се очекува да заврши неговото воведување во СВР Струмица и градовите, што ги покрива овој сектор. Потоа ќе следува примена во СВР Штип. Се очекува системот да биде функционален на целата територија на Македрдонија до крајот на 2026, или на почетокот на 2027 година.

Најнови вести од: Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

Клековски: Ќе се основа самостоен Центар за итна медицинска помош Скопје, што може да се прошири на другите градови!

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по коментари за негова објава и даде објаснување што се прави со Итната помош.

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не се штитат со отворени писма, туку со одржливи правни решенија!

Министерот за правда Јетон Шасивари му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, оценувајќи дека ова прашање не треба да се претвора во партиско наддавање и меѓусебни обвинувања.

Средба Мицкоски-Варнс за македонско-американските односи и стратегиското партнерство

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта слика на ѕид!

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во продолжението на амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2027 година, во реплика кон Лукаревска, а во врска со амандманот на СДС за обезбедување на средства од републичкиот буџет, за реконструкција и рехабилитација на улица „50-та Дивизија“, истакна дека вакво барање, по претходно собрани потписи на жителите на улицата, било поднесено до Општина Центар, пред повеќе од три години, а Општина Центар и СДС се сетиле дури сега.

To top