Македонија

Сиљановска-Давкова за 1 Мај: Само задоволни работници може да бидат вредни и продуктивни!

Правото на протест и социјалниот дијалог се предуслови за рамнотежа меѓу економските интереси и социјалната правда

По повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака во која посочува повеќе важни прашања од чии одговори зависи во каква позиција е македонскиот работник.

Целата порака во продолжение:

Драги сограѓани, почитувани работници,

И годинава, Први мај не потсетува на долгата, тешка, праведна и достоинствена борба на работниците за признавање на трудот како извор и творец на вредности.

Денешниов празник е доказ дека решителниот работнички бунт за осумчасовно работно време, кренат во Чикаго од над 10 000 работници во 1886 година, и по повеќе од еден век, сè уште ги инспирира и повикува на единство и солидарност работниците во борбата за нивните права, работодавачите на преиспитување на односот кон нив, а носителите на власта, на промисла на економската и социјална политика, низ призма на демократијата.

Одбележувањето на Денот на трудот во над 160 држави е вистински момент за соочување со сè уште актуелните прашања: дали ги почитуваме општо прифатените норми на меѓународното трудово право?; дали сме само уставно, или и во стварноста социјална држава?; дали социјалната правда е идеал или реалност?; дали работничкиот труд е соодветно вреднуван, односно дали работниците се правично наградени за работата и можат да напредуваат согласно знаењето и вложениот труд?; дали се безбедни и сигурни на работното место?; дали и зошто има случаи на присилна работа?; дали секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место?; дали секој вработен има право на платен дневен и неделен и годишен одмор?; каков е односот на колективните партнери кон колективните договори и правото на штрајк?

Од одговорите на гореспоменатите прашања зависи уживањето на економските и социјални правa од страна на работниците, коишто пак, го детерминираат обемот и квалитетот на нивните културни права.

Не смееме да заборавиме дека синдикалното организирање, правото на протест и социјалниот дијалог се предуслови за рамнотежа меѓу економските интереси и социјалната правда.

Како претседателка на сите граѓани, потсетувам дека имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат!

Да се однесуваме кон работниците како кон вреден социјален капитал, ако сакаме да ги задржиме тука, или да ги вратиме дома. Да сфатиме дека само задоволни работници може да бидат вредни и продуктивни!

Среќен Први мај!

Најнови вести од: Македонија

Египќаните во Македонија се оградуваат од Рубин Земон: Со негатори на македонскиот народ не би се сретнале, а камоли да пиеме кафе!

Припадниците на посебната и автохтона етничка заедница Египќани во Македонија се оградуваат од ставовите и постапките на Рубин Земон, бидејќи, како што велат тие се лично негови.

Кекеновски: СДСМ и Филипче паничат и хистеризираат, оти правдата им тропа на врата! Судиите и обвинителите мора да го казнат криминалот и башибозукот на арамиите!

„До кога СДСМ ќе размислува, дејствува и ќе реагира на ваков начин како што реагира цело време откако Филипче е на чело на партијата? Секогаш кога ќе се отвори прашањето за криминал, корупција и барања судиите и обвинителите професионално, одговорно и согласно законот да си ја вршат работата, веднаш почнуваат приказните за „притисок врз обвинителството“ и „загрозена независност на судството“.Целата оваа нервоза и паника што јавно ја демонстрираат СДСМ и Филипче секогаш кога ќе се повикаат судиите и обвинителите на совесно работење и да не потпаѓаат под политички влијанија, најверојатно е резултат на стравот дека правдата конечно може да стигне и до нив!“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна, која ја објави информативниот портал „Курир“.

ВМРО ДПМНЕ: За Филипче „Бугари во Устав“ е единствен проблем со Бугарија, но по тоа би уследила промена на сета историја на Македонија и негирање на македонскиот јазик!

„Само Венко Филипче, специјалниот пратеник на Румен Радев во Македонија, слепо верува на неговите политики дека уставните измени се последната пречка за нашиот влез во ЕУ. Но, уставните измени не се последната пречка, ниту се последно барање на Бугарија.“ – реагира жестоко ВМРО ДПМНЕ.

Роамингот меѓу Македонија и ЕУ на чекор до укинување

Aмбасадорите на земјите членки на ЕУ на 3. јуни треба формално да го разгледаат и одобрат мандатот за почеток на преговори, а потоа министрите на Унијата да ја потврдат одлуката. Со тоа Европската комисија би можела да почне билатерални разговори со секоја држава од Западен Балкан одделно, меѓу нив и Македонија. Но важната реченица за граѓаните е оваа: роамингот сè уште не е укинат. Ова е отворање пат, не финална рампа што веднаш се крева.

To top