Македонија

Сиљановска-Давкова за НАТО и ЕУ: Кога има стандарди сме меѓу најуспешните, кога нема правила нема напредок (ВИДЕО)

Ако нас не’ оценуваат според копенхашките критериуми, мислам дека ќе добиеме поинакви оценки“, вели претседателката

 

„Денеска сме сведоци, не само ние, туку и нашите гости, дека кога ве оценуваат според конкретни високи стандарди, не може да има импровизации и вие или ќе ги поминете или – не“, изјави претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова која денеска присуствуваша на на армискиот полигон „Криволак“ каде се реализира Ден за високи гости во рамки на вежбата „Блесок 26“.

„Мојата порака е: Она што го прави НАТО со стандардите е, да го прави ЕУ со „Копенхашките критериуми.“„Ако нас не’ оценуваат според копенхашките критериуми, мислам дека ќе добиеме поинакви оценки“, вели ппретседателката.

Сиљановска Давкова додава дека „ако не се почитувааат високи стандарди и и „ако се воведуваа нови двојни стандарди и ако исполнувањето не е според исполнувањето на стандаррдите, туку барањата и потребите на соседите, тогаш имаме сериосен проблем со почитува=ањето“…

Не е лошо – вели претседателката на Макдонија – стандардите да важат во сите институции, вклучувајќи ја и Европската унија“.

На вежбата беше најавено присуство на министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Предвидено е и присуство на претставник од Командата на здружени сили на НАТО во Неапол.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

To top