Македонија

Сиљановска Давкова ја додели наградата за Архитектура 2025 – заврши во рацете на Искра и Владимир Лековски

Архитектите наградата ја добија за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 на авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле“, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ во Скопје.

-Големата годишна награда за архитектура не ја слави архитектурата само како ларпурлартизам, ниту само како очигледен резултат и творба, туку како процес на истражување, трагање, компарирање, сомневање, преиспитување и одговорност кон просторот и луѓето во него. Таа испраќа порака дека достоинството на архитектонската професија се гради врз креативен и етички идентитет, професионален интегритет и дигнитет, уметничка смелост и хуманистичка свесност – рече Сиљановска-Давкова на доделувањето.

Таа додаде дека наградата има силна, едукативна и инспиративна вредност за архитектонската фела и за младите архитекти.

-Улогата на архитектот денес е посложена и поважна од кога било. Во време на забрзана до забревтаност урбанизација, економска логика и притисоци, занемарен квалитет на живот, архитектот не е само проектант, туку и чувар и бранител на јавниот интерес и на просторот како заедничко добро, на рамнотежата меѓу потребите на денешницата и одговорноста кон иднината – рече Сиљановска-Давкова.

Таа рече и дека годинашната награда оди во вистински раце.

– Се уверив на дело и на самото место дека изборот на добитникот не е случаен, туку произлегува од студиозна, строга и одговорна евалуација на дела коишто не само што ги исполнуваат високите професионални стандарди, туку и ги надминуваат, поставувајќи нови критериуми и репери во современата архитектонска практика и реалност – рече претседателката на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Доживотните казни за убијците на Вања и Панче пред Апелација

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите

Ученици од Крива Паланка освоија високи награди на Државниот натпревар по пијано и хармоника

На 64-тиот Државен натпревар на ученици во основното музичко образование, што се одржа на 6 и 7 април 2026 година во Скопје, учениците од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски” постигнаа високи и резултати во двете дисциплини: пијано и хармоника

ТАВ Македонија дванаесетта година по ред донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден

Во  пресрет на христијанскиот празник Велигден, компанијата донира пакети со храна и хигиенски средства за 37 семејства од оваа општина, кои живеат во социјален ризик

To top