Македонија

Силјановска-Давкова: Словачка е еден од нашите најлојални и најпосветени поддржувачи на европската интеграција

Претседателката Силјановска-Давкова изјави дека нашата надворешна и безбедносна политика, која, како што рече, е признаена од сите членки на ЕУ и од сите нивни институции и функционери во ЕУ, е целосно во согласност со онаа на ЕУ.

Словачка е еден од нашите најлојални и најпосветени долгорочни поддржувачи на европската интеграција, со кристално јасна посветеност на потребата од проширување на ЕУ. Таа го прави ова не само во рамките на Вишеградската група, туку и со своето активно учество во групата „Пријатели на Западен Балкан“ и со денешниот состанок, нагласи претседателката Гордана Силјановска-Давкова денес на заедничката прес-конференција со нејзиниот словачки колега, Петер Пелегрини.

  • „Го делиме ставот дека проширувањето треба да се базира на Копенхашките критериуми, од кои, како што рече таа, не треба да отстапуваме. – Ова значи дека треба да се базира на заслуги и резултати, а не да зависи од други ирационални политички услови кои на некој начин го узурпираат процесот на европска интеграција“, рече Силјановска-Давкова.

Претседателката Силјановска-Давкова изјави дека нашата надворешна и безбедносна политика, која, како што рече, е признаена од сите членки на ЕУ и од сите нивни институции и функционери во ЕУ, е целосно во согласност со онаа на ЕУ.

  • „Продолжуваме активно да придонесуваме кон колективната и регионалната безбедност бидејќи таа безбедност е и наша безбедност“, нагласи претседателката.

Таа рече дека е потребна поголема соработка, меѓусебна доверба и солидарност, не само во рамките на ЕУ и НАТО, туку и во рамките на Обединетите нации.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top