Македонија

Скопскиот аеродром ќе биде регионален лидер во растот оваа зима

Главниот двигател на експанзијата во Скопје е авиокомпанијата „Виз Ер“ (Wizz Air), која значително го зголемува своето присуство. Само оваа авиокомпанија ќе го зголеми капацитетот на скопскиот аеродром за импресивни 453.636 седишта.

Аеродромот во Скопје, заедно со оној во Белград, ќе забележат најсилен раст во целиот регион на поранешна Југославија во текот на зимската сезона 2025/26, која започнува денеска.

Според анализите, секој од овие два аеродрома ќе додаде повеќе од половина милион седишта во својата понуда Речиси сите аеродроми во регионот го зголемуваат својот капацитет споредено со лани, а зимската сезона ќе трае до 28 март.

Главниот двигател на експанзијата во Скопје е авиокомпанијата „Виз Ер“ (Wizz Air), која значително го зголемува своето присуство. Само оваа авиокомпанија ќе го зголеми капацитетот на скопскиот аеродром за импресивни 453.636 седишта.

За споредба, „Виз Ер“ ќе го зголеми капацитетот и во Белград за 315.817 седишта, што го прави клучниот фактор за растот и на двата најголеми пазари во регионот оваа зима.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top