Македонија

Славески: Станбени кредити за купување на прв стан или куќа со минимално учество од 10%

Тој истакна дека новите правила ги разликуваат кредитите за прв стан, кои добиваат поповолни услови, од кредитите за станови наменети за инвестиции, односно за станови во кои сопствениците нема да живеат, за кои условите се построги.

Од 1 декември 2025 година, банките во Република Македонија ќе можат да одобруваат станбени кредити за купување на прв стан или за изградба на куќа со минимално учество од 10% од вредноста на станот, но под строги услови. Каматните стапки за овие кредити ќе се движат од 0,5% до 0,75%.

Ова го објави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, презентирајќи ги измените во правилата за утврдување на кредитоспособноста на граѓаните при земање станбени кредити. Тој истакна дека новите правила ги разликуваат кредитите за прв стан, кои добиваат поповолни услови, од кредитите за станови наменети за инвестиции, односно за станови во кои сопствениците нема да живеат, за кои условите се построги.

„За корисниците на станбени кредити наменети за купување или градење прво живеалиште, ќе останат во важност досегашните лимити на показателот ДСТИ, коишто изнесуваат 55% за изложеноста во денари и 50% за изложеноста со валутна компонента“, изјави Славески.

Тој појасни дека за граѓаните кои купуваат стан или градат куќа за инвестициски цели, минималното учество за кредит ќе се зголеми од 15% на 25% од вредноста на станот, а каматните стапки ќе бидат повисоки. Исто така, за овие кредити се воведуваат пониски лимити на показателот ДСТИ – 50% за изложеност во денари и 45% за изложеност со валутна компонента.

Новите правила стапуваат на сила од 1 декември 2025 година.

Славески нагласи дека за да се добијат поволните услови за кредит за прв стан или куќа, граѓаните ќе мора да исполнат одредени критериуми со кои ќе докажат дека станот или куќата ќе бидат нивно примарно живеалиште. Овие кредити ќе бидат предмет на строга контрола, а давањето неточни податоци ќе се смета за кривично дело. Доколку банката утврди измама, може да ја зголеми каматната стапка на кредитот.

Гувернерот додаде дека овие промени имаат превентивна цел.

„Нивната цел е да нѐ заштитат сите нас од прекумерна задолженост, што може да се одрази понатаму на способноста за редовно отплаќање на обврските, како и на вкупната стабилност на финансискиот систем. Истовремено, со овие промени внимаваме да не ги погодиме оние лица кои имаат потреба да го решат своето животно, станбено прашање, овозможувајќи им поповолни критериуми и полесен пристап до кредити, во однос на останатите корисници на кредити“, рече Славески.

Тој истакна дека со овие мерки Народната банка се усогласува со практиките на многу други централни банки во светот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top