Македонија

Следниот попис во 2030 ќе биде електронски

Се подготвува статистички регистар на населението. Од Државниот завод објаснуваат дека целта е да се овозможи земјава следниот попис да го спроведе по електронски пат.

Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, вели дека следниот попис на населението е планирано на глобално ниво да се спроведе околу 2030 година.

  • Државниот завод за статистика како сериозна институција започна со подготовки за следниот попис на население и започна со активности за воспоставување статистички систем базиран на регистри. Нашата цел е следниот попис на население да биде спроведен електронски, односно со користење на административни извори – рече Станков.

За таа цел, посочи Станков, започнати се активности за воспоставување статистички регистри на население каде што заедно со институциите кои се носители на административните збирки на податоци се работи на испитување на квалитетот на податоците.

  • Она што како држава мора да го направиме во наредниот период е сите заедно да работиме, сите институции за подобрување на квалитетот на административните извори, односно да го доведеме до ниво што е соодветно за статистичките стандарди и на тој начин да спроведеме попис базиран на регистри – рече директорот на ДЗС.

Регистарот на население, според Станков, овозможува и други придобивки, како што е процена на населението базирано на сите административни извори, а не само како што е сега врз основа на виталните статистики и податоците за миграција и емиграција, каде што извор е Министерството за внатрешни работи.

  • Со Министерството за дигитална трансформација имаме одлична соработка и тоа е нешто што ветува дека следниот попис на населението ќе биде успешно спроведен со користење на регистри, имајќи предвид дека во Министерството за дигитална трансформација се води и администрацијата на регистарот на населението. Така што продолжуваме заедно со Министерството за дигитална трансформација, како институција која што е носител на администрацијата на регистарот на населението, но и со другите институции кои што се носители на останатите регистри, да работиме заедно и како држава да го спроведеме следниот попис на населението исклучиво врз административни извори – изјави Станков.

Според статистичките стандарди, тој нагласи дека законот кога се спроведува попис треба да биде донесен најмалку една година пред спроведувањето на пописот. Денес, според него, сме многу поспремни за разлика од пред 5 или 10 години за спроведување на електронски попис.

Во однос на резидентното и нерезидентното население, Станков вели дека е позната појава дека населението кое што стекнува резидентен статус во странство не го одјавува својот резидентен статус во државата и тоа е една од главните слабости, но тие слабости се надминуваат со статистички методи.

  • Затоа велам дека не можеме единствено да се потпираме на еден административен регистар. Затоа ние, во рамки на статистичкиот регистар на население, користиме повеќе регистри и статистичка методологија која што овозможува точно детектирање на резидентноста на населението и елиминирање на овие поединечни слабости – изјави Станков.

Државен завод за статистика ќе ја земе предвид препораката на Уставниот суд и ќе постапи согласно тие принципи.

  • Ќе ја земеме предвид препораката на Уставниот суд, која е донесена во одреден временски период, согласно статистичката методологија и согласно генералните стандарди, нема потреба од опфаќање на нерезидентното население, затоа што целта на пописот е детерминација на резидентното население, односно населението кое што живее во државата, и тоа е и основна статистичка дефиниција – појасни Станков.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Во притвор оди битолчанецот (31), уапсен оти од април 2024 до април 2026 набавувал и поседувал материјали со детска порнографија!

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор за осомничениот битолчанец вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија во случајот кој е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија. Случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

To top