Македонија

Стојаноска: За Филипче нема проблем да направи уште една уставна измена

Тој е лик, трет во континуитет, откако започна Зоран Заев со предавства, па Димитар Ковачевски ги надгради когаго потпиша вториот срамен договор, а Филипче останува да го стави печатот

Воден исклучиво од амбицијата да дојде на власт, лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, настапува гласно и на домашна и на меѓународна сцена, оценува пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

„ Тоа е еден лик којшто буквално се подава, па вели дека нема проблем да направи уште една уставна измена. Нешто слично правеше и неговиот претходник Зоран Заев“,  рече Стојаноска во синоќешното гостување во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

„Ова е лик, трет во континуитет, откако започна Зоран Заев со предавства, па Димитар Ковачевски ги надгради, го потпиша вториот срамен договор, и овој останува да го стави печатот. Се подава секому, само за да дојде на власт. Или, можеби, доаѓањето на власт за него значи спасување од криминалот“, рече Стојаноска.

„ Не случајно Филипче толку брзо, толку гласно, толку напорно, се обидува да се подаде. Самиот се пријави, нудејќи дека ќе го сменат Уставот, дека ќе направат сè што ќе им се каже, само за да се заштитат од одговорност за нивниот криминал.

Тоа е таа матрица која што го потценува сопствениот народ и сега тука се случуваат контрадикторности“, вели Стојаноска.

„Не ја сфати пораката од народот и него повеќе му е грижа за избори во некои други земји. Не покажува грижа за тоа што нему народот му го порача и на последните парламентарни и на последните локални избори.

Два пати по ред добива порака од народот и тој повторно го потценува мислењето на сопствениот народ“, рече Стојановска.

Пратеничката посочи дека на Филипче не му одговара тоа што повеќе ги нема нивните инсталирани кадри во правосудниот систем кои претходно работеле по нивен налог.

„Тие се свесни, тие знаат дека се криминогени до преку глава, знаат дека се менуваат работите во судството, веќе ги нема нивните инсталирани луѓе, кои што работеа според нивните налози, и ајде сега ќе го релативизираме криминалот. Ако криминалот беше симбол на нивното владеење, сега доаѓа власт која што апсолутно не е ортак со криминалците. Имаме примери каде што со доказ фатени луѓе кои што, ете, за овој период се дрзнале да бидат криминалци, веднаш се обелоденети“, рече пратеничката.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Сите лажни пораки за плаќање казни за сообраќајни прекршоци стигнуваат од странски броеви

Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните, а кои се однесуваат дека извршиле некаков сообраќаен прекршок за кој треба да платат казна стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи

Охрид домаќин на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати – ОКТА ја потврдува својата улога на регионален енергетски партнер

Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови технологии во областа на контролата на квалитетот, лабораториските анализи, регулативата и безбедноста во нафтената индустрија.

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта

Насилството не може да се решава само кога ќе се случи инцидентот, туку преку навремена превенција, функционални механизми за заштита и активно вклучување на учениците

To top