Македонија

Судијата не може да определи притвор, ако ОЈО бара куќен

Јошевска Анастасовска од Судскиот совет му одговори на министерот Филков

Сузана Јошевска Анастасовска, член на Судскиот совет, му одговори на министерот за правда Игор Филков, кој денеска побара одговорност од обвинителот и од судијата за изречениот куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби.

„Судија не смее да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судски совет, за да се расправа основно правило во кривична постапка“, напиша Јошевска Анастасовска на Фејсбук.

Претходно Филков повика на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители итно да свикаат седници за овој случај.

„Одговорноста за одлуката за куќен притвор мора да биде лоцирана со име и презиме. Јавно ги повикувам Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали постои основ за одговорност кај судијата и кај јавниот обвинител. Институционалната контрола мора да функционира. Ги повикувам сите актери во постапката да дадат објаснување: Јавниот обвинител Даниел Коцев да објасни врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот. Раководителот на обвинителството, Анел Фидоски, дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот? Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски, кои околности го надминале ризикот од бегство кај лице кое веќе 14 месеци беше недостапно“, објави Филков и додаде дека ќе побара да се изврши вонреден надзор во „Затвор Скопје“, како и во останатите затвори низ Македонија, во однос на безбедносната состојба.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top