Македонија

Судијата Ристов е во Обвинителството: се бара да оди во куќен притвор, се истражуваат 350-те илјади евра,најдени во ѕид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го сослуша осомничениот судија Ѓоко Ристов, при што му беа предочени сите досега прибрани докази, врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил кривичните дела, што му се ставаат на товар.

По спроведеното сослушување и оценка на објективните и субјективните услови неопходни за определување мерка за обезбедување на присуството на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор.

Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, при што во домот на неговите родители во Неготино, за време на претрес извршен по наредба на суд, беа пронајдени 350.000 евра скриени во соѕидан простор во ѕид. Обвинителството соопшти дека парите се сомнителни како незаконски стекнати, а постапката е дел од поширока истрага за висока корупција, поткрепена со информации од Агенцијата за национална безбедност.

Покрај оваа мерка, обвинителството предложи и определување мерка на претпазливост, со која се бара привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање таков документ. Од Обвинителството наведуваат дека предложените мерки се насочени кон обезбедување непречено водење на постапката, имајќи ја предвид тежината на делата и фазата во која се наоѓа истрагата. Одлуката по предлогот треба да ја донесе судијата на претходна постапка.


Судијата и натаму има имунитет, кој може да му биде симнат од Судскиот совет, по барање на судија на претходна постапка.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

To top