Македонија

Судот одреди 30 дневен притвор за Рустеми и Саити

Основниот кривичен суд Скопје го усвои предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и одреди притвор во траење од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомневање за кривичното дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Мерката притвор е изречена за Сабахадин Рустеми, вршител на должност директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз сведоците и можност за повторување на делото.

Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските утврдени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што довело до создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини низ Скопје.

Вонредните инспекциски надзори и стручното мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

Адвокатот на осомничениот изјави дека Рустеми поднел оставка од директорската позиција од морални причини и со цел да не ја попречува истрагата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

To top